ПО ПИСАТЕЛСКАТА РЕЗИДЕНЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Надија Реброња: Во Скопје се шета по ритамот на музиката на уличните музичари, а низ Вардар тече поезија

Српската поетеса и есеистка Надија Реброња (1982), во текот на јуни годинава беше на писателска резиденција во Скопје, во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, која е поддржана од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.  

Надија Реброња (Фото: Соња Ставрова)

Реброња, која докторирала книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад, исто така предава литература како универзитетски доцент. Нејзината поезија е преведена на англиски, шпански, италијански, француски, германски, полски, турски, персиски, македонски, албански и словенечки јазик. Се претставила на неколку значајни книжевни настани и фестивали во Европа, Азија и Латинска Америка. Врз основа на поезијата од нејзината книга Ples morima преведена на италијански јазик, во 2016 година на Конзерваториумот „Николо Пичини“ во Бари беа направени осум композиции, кои беа претставени на неколку концерти во Италија, Данска и САД. Како истражувачки научник, таа останала на Универзитетот во Виена (2009) и на Универзитетот во Гранада (2010-2011). Како предавач по литература, одржала неколку гостински предавања на шпански на универзитетите во Панама. Зборува англиски, шпански и турски јазик, зборува руски и знае арапски. Се школувала и живеела подолги или пократки периоди во Нови Пазар, Белград, Нови Сад, Сараево, Гранада, Виена, Истанбул, Буенос Аирес.

Вели дека не верува во адреси или места на живеење. По избор, поголемиот дел од времето го поминува на релација Државен универзитет во Нови Пазар-Гранада-Сараево. Најзначајни нејзини книги се: „Танц по морињата“ (поезија), „Дервиш или човек, живот и смрт. Религискиот поттекст на романот ‘Дервишот и смртта’ на Меша Селимовиќ“ (научна студија), „Фламенко утопија“ (поезија), „88“ (кратки раскази).

Разговаравме со неа по престојот во Скопје, за впечатоците од резиденцијата и македонската книжевна сцена, и околу приемот на нејзината книга микропроза „88“ во превод на Снежана Стојчевска, во издание на ПНВ Публикации, што беше промовирана во средината на јуни во градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Во текот на целиот јуни престојувате во писателска резиденција во Скопје, во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, која е поддржана од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Како дојде до оваа соработка со Готен? Какви искуства имате од оваа резиденција?

Книжевната мрежа Традуки ми додели стипендија, односно резиденција во Скопје во текот на јуни, а издавачката куќа Готен е домаќин на сите книжевни резиденти на Традуки кои престојуваат во Македонија. Goten Publishing, освен резиденцијата за писатели, има одлични книжевни проекти како што е работилницата за литературен превод (Translation in motion) на која и јас се приклучив.

Книжевната резиденција носи доза на изолација и мир од секојдневието, што на авторот му дава време да пишува и да се посвети на своето дело, но покажува и нов простор, нови лица, нови улици, нова улична музика, скриените животни приказни на случајните минувачи, нова симболична димензија на средбата на културите. За авторот, резиденцијата е мал книжевен остров кој не се изолира, ниту одвојува, туку гради многу патишта до нови брегови и континенти.

Фото: Соња Ставрова

За време на престојот овде посетивте бројни промоции на книги во главниот град. Каков е вашиот впечаток за македонската книжевна сцена? Колку бевте запознаени со современите македонски автори пред да дојдете во Скопје?

Бев резидент кој реши, заедно со мирот што му е неопходен на писателот за пишување, да направам многу интеракции со скопските писатели и уметници и да се поврзам со книжевната сцена. Во мојата научна работа ја проучувам јужнословенската литература, така што современата македонска литература ми е блиска и долго време сум нејзин посветен читател. Мојата претходна книга „Фламенко утопија“ беше објавена на македонски јазик во издавачката куќа ПНВ Публикации во 2020 година, а мојата соработка со таа издавачка куќа и уредничката Јулијана Величковска трае веќе некое време. Македонија има префинета современа книжевна сцена, а јас сум исклучително блиску до суптилноста и силата на поетиката на женските македонски авторки како Снежана Стојчевска, Долорес Атанасова Лори, Јулијана Величковска, Ана Голејшка Џикова, Билјана Стојановска, како и поетиката на поети како Никола Маџиров и Владимир Мартиновски.

Од промоцијата на „88“ во Скопје (Фото: Соња Ставрова)

Како беше примена „88“? Како се „осетивте“ со македонската публика?

Скопје има прекрасна, посветена и внимателна публика и сериозни читатели, како и многу млади продуктивни писатели и уметници. За некои од нив збирно место е „Буква“, каде за време на резиденцијата имав читање на текстови од книгата „88“ како дел од Поетската епизода 6 во организација на Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова. Читав заедно со Ернесто Ередеро дел Кампо, Марио де Роза, Јосип Коцев, Александра Спасеска и Перица Сарџовски. „Буква“ е мал, но невообичаено широк интерактивен урбан уметнички простор кој претставува скопски уметнички микрокосмос.

Од дружбите во „Буква“ (Фото: Диме Данов)

Рековте дека за време на престојот во Скопје ќе работите на нов ракопис, со намера да внесете некои конкретни мотиви од Скопје и градската средина. Новиот ракопис треба да биде средба на современиот момент во кој тој ќе престојува во градот и историјата, архитектурата, културата, музиката, уметноста на градот, гледани низ призмата на симболичното и магичното во текстот. Каква енергија ќе понесете со себе од Скопје?

Мојот поетски и животен пат го посветив на потрагата по Алефовски места, во согласност со приказната на Борхес, Алеф. Тоа се оние точки во вселената кои се обединуваат од сите култури и кои ја доживуваат полнотата на светот. Скопје е еден од космополитските градови кој има отвореност кон исток, запад, север и југ, магијата на плоштадите и улиците. Во Скопје се шета по ритамот на музиката на уличните музичари, а низ Вардар тече поезија.

реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Поголема група маскирани лица во црно маршираат низ Белград

Read more

Решете го проблемот со лошиот здив со помош на две овошја

Read more

Каде е Вучиќ додека се подготвува најголемиот протест против него?

Read more

Интервју

Марија Велинова: Доста беше „на ти го-дај ми го“, да го разбиеме елитниот круг во културната фела

Read more

Интервју со Афродита Салихи - фудбалерката рекордер

Read more

Катарина Луа ван Хоф: Книжевната фикција е суштинска за зачувување на слободата и сè што е убаво во светот

Read more

Здравка Евтимова: Талентот на писателот умира ако писателот пишува лаги

Read more
 

Ново

  • filter

15 март 44 п.н.е., во заговор бил убиен Гај Јулиј Цезар

Читај повеќе

Која храна треба почесто да ја јадат жените во менопауза?

Читај повеќе

Трамп воведува целосна забрана за патување или ограничување за граѓаните од 41 земја

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да направите совршено пире од компири?

Читај повеќе

Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Читај повеќе

Приведено лице од скопско поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Читај повеќе

Песков до Украинците во Курск: Времето ви истекува

Читај повеќе
  • play_arrow

Северина со црвена ракавица ги поддржа студентските протести во Белград: Пумпај!

Читај повеќе
  • play_arrow

Убиен лидерот на ИСИС во Ирак и Сирија

Читај повеќе