ПАРТНЕРСТВО НА ДИЗАЈНЕРОТ ТОМ ФОРД И LONELY WHALE

Награда од 1,2 милиони долари за тој што ќе измисли биоразградлива пластика

Американскиот моден дизајнер Том Форд во соработка со организацијата Lonely Whale почна натпревар за пронаоѓање биоразградлива пластика, а победникот ќе добие награда од 1,2 милиони долари.

Кон крајот на минатата година, Том Форд најави партнерство со Lonely Whale и нејзиниот советодавен огранок 52HZ за започнување на Наградата за иновации во пластика.

Овој натпревар ги стимулира дизајнерите, производителите и пронаоѓачите да создадат биоразградлива алтернатива на тенкослојната пластика. За разлика од постојната разградлива пластика, која мора да се компостира, биоразградливата пластика природно ќе се деградира во почвата или океанот без човечка интервенција.

Главната награда е 1,2 милиони долари, со поддршка на инвеститорите во  испорака на производот на пазарот до 2025 година.

Поканата за пријавување на конкурсот и доставување предлози беше објавена и на официјалниот профил на Instagram на брендот Tom Ford, а конкурсот трае до 24 октомври.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by TOM FORD (@tomford)

„Пластиката влегува во нашите животи една минута, но таа продолжува како отпад и никогаш навистина не исчезнува“, објаснува д-р Дјун Ајвс, извршен директор на Lonely Whale.

„Како организација способна масовно да ги катализира глобалните промени, Наградата Том Форд за иновации во пластика е можност да се создаде нов почеток и да се промовираат решенија сразмерни на проблемот со загадувањето со пластика“, додава Ајвс.

Во следните месеци, Форд ќе ги разгледа апликациите со судиската комисија и тие ќе работат со експерти за материјали, здравје на океаните и развој на производи за да се осигура дека победничката апликација може реално да ја замени тенколсојната пластика.

„Има толку многу креативност, талент и иновација во светот, и треба само една неверојатна идеја и напор да се искористи нечиј потенцијал за да се направи невозможното можно“, рече Форд.

"Јас би ги охрабрил сите пронаоѓачи кои чувствуваат страст за она што го прават вистински да веруваат во нивната способност да го променат светот. На околината очајно ѝ треба решение за пластичниот отпад, па наше е да развиеме иновативно решение што ќе ја направи околината побезбедна за генерациите што доаѓаат“, заклучи Форд.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе