Најавени 20 поети на меѓународниот онлајн поетски фестивал United World of Poetry

Трето изданиe на меѓународниот онлајн поетски фестивал United World of Poetry чиј организатор е македонскиот поет од Велес, Игор Крајчев, ќе се одржи вечер со почеток во 19 часот на YouTube. Најавено е учество на 20 поети од 17 држави во светот.

– Mеѓу поетите, различните јазици не се пречка на комуникација, затоа што го зборуваат јазикот на поезијата, потенцира Крајчев.

Свои стихови ќе читаат и големиот поет Хусто Хорхе Падрон од Шпанија, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, поетот-лауреат на Сомервил и универзитетски професор на Универзитетот Масачусетс – Лојд Шварц од САД, потоа, една од најистакнатите македонски поетеси, академик Катица Ќулавкова, универзитетскиот професор на државниот универзитет UNIOESTE во Бразил – Антонио Доницети да Крус, професорот на универзитетот Линчубург во Вирџинија – Педро Лареа, САД/Шпанија, поетот-лауреат на Хардевајк, Холандија – Герт Зомер, еден од најдобрите британски перформанс поети, според весникот The Guardian – Марк Гвејн Џонс. 

Најавено е учество и на младата хрватска поетеса Моника Херцег, добитничка на „Мостови на Струга“ за 2019 година на Струшките вечери на поезијата, познатиот руски поет и голем пријател на Македонија – Сергеј Главјук и многу други автори.

– Фестивалот United World of Poetry полека станува препознатлив кај голем број поетски имиња во светот, и се етаблира како значаен поетски бренд, уште еднаш ги обедини сите светски континенти и ги измеша светските јазици во еден убав поетски колаж, потенцира Крајчев.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе