Најбрзиот ресторан во светот: Не сте ни седнале, а јадењето е на маса

Долгото чекање во ресторан може да биде бескрајно досадно, па за многумина брзината на услугата е важен фактор кога бираат место за јадење.

Еден ресторан уште од 1996 година држи Гинисов рекорд за најбрзо сервирање храна во светот. Станува збор за мексиканскиот ресторан за брза храна Karne Garibaldi во Гвадалахара каде трката со времето е начин на живот.

Иако кај секој гостин во овој ресторан брзината е приоритет секој ден, рекордот е соборен во август, 2016 година со 13,5 секунди од моментот кога посетителот нарачал до послужувањето на храната.

Иако Karne Garibaldi моментално има пет ресторани, оној во Гвадалахара е прв. Основан е во 1970 година и првин имал само четири маси. Моментално некои од нивните ресторани имаат повеќе од 100 маси, но не ја губат ефикасноста.

Заслугата за брзата услуга најмногу им припаѓа на вработените. Овој ресторан има добро опремен тим со таблети, слушалки и микрофони кои совршено се синхронизирани во секој момент. Брзо се движат и способни се да пренесат 8 или 9 јадења одеднаш.

Иако се работи за типичен мексикански ресторан каде не може да се пропушат најкласичните јадења, специјалитет на куќата е месо во чорба зачинета со различни зачини.

Традиционалните мексикански јадења кои се служат овде бараат бавно готвење, па во суштина тие се веќе готови, однапред подготвени и само треба да се послужат.

реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Најчестата фраза што ја користат жените кога не се заинтересирани за некого

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Чек дис аут

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

„Наркомачка“ фатена како шверца дрога во затвор во Костарика

Read more

15 најнеобични летечки возила

Read more

Прошетка низ Битола од 60-тите и 70-тите

Read more
 

Магазин

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Читај повеќе

Природен лек за многу болести: Зошто треба да консумираме бозел?

Читај повеќе

Едноставен трик за подобро варење: Јадете круша секој ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Најчестата фраза што ја користат жените кога не се заинтересирани за некого

Читај повеќе
  • filter

Лорен Санчес со деколтето крадеше погледи во Кан: Блесна во тесен фустан

Читај повеќе

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Читај повеќе

Мотивацијата за вежбање најмногу опаѓа на одредена возраст

Читај повеќе

Што значи кога кучињата ги испружуваат шепите кон сопствениците?

Читај повеќе

Разбивање митови: Паста за заби на мозолчиња - да или не?

Читај повеќе