Најчести митови за трчањето и што е всушност вистина

Ф.З.
/ 27.04.2022 / 18:00

Тренерот Кристијан Ален за британскиот магазин Metro откри кои се најчестите митови за трчањето поради кои многу луѓе се откажуваат од овој спорт.

Значи, најчесто се споменуваат три митови:

1) Типот на телото одлучува дали воопшто можете да трчате

„Многу луѓе мислат дека треба да бидат витки за да можат да му се посветат на трчањето, но тоа не е точно“, вели Ален.

Ова е спорт за секого. Иако на почетокот ви изгледа напорно, наскоро ќе се навикнете и нема да чувствувате голем напор.

2) Трчањето лошо влијае на колената

„Голем мит е дека трчањето е лошо за колената. Всушност, истражувањата покажаа дека редовното трчање помага во зајакнувањето на зглобовите и го стимулира телото да изгради 'рскавица“, објасни тој.

Голем број на тркачи практикуваат и вежби за сила, кои исто така ја подобруваат подвижноста на коленото.

3) Стилот на трчање што го практикувате не може да се промени

„Овој мит исто така не е вистинит бидејќи е можно да се постигне сѐ со промена на рутината. Можеби на почетокот ви е невообичаено бидејќи постојано треба да размислувате за начинот на кој трчате, но со текот на времето ќе ви стане секојдневие“, рече тој.

Секако, постојат фактори кои можат да влијаат на вашиот стил на трчање, а некои од нив се: зголемување или намалување на кондицијата, дебелеење или слабеење, како и бременост.

Тагови
реклама

Фит

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Read more

Кога треба да појадувате за да слабеете?

Read more

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Read more

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе