Најдени огромни количини мраз на Марс: Што значи тоа за Црвената планета?

Површината на Марс може да изгледа безживотно, суво и неплодно, но Црвената планета изгледа дека во своите длабочини има многу тајни, како што се „замрзнатите езера“.

Mars Express, вселенското летало на Европската вселенска агенција (ESA) кое орбитира околу Марс, повторно посети едно од најмистериозните области на планетата и откри дека под прашливата и сува површина лежат огромни слоеви на воден мраз.

Пред повеќе од 15 години, Mars Express ја проучуваше формацијата Medusae Fossae (MFF)  и откри масивни наслаги длабоки до 2,5 километри, но во тоа време не беше можно да се знае што точно е тоа.

„Повторно ја испитавме MFF и користејќи го радарот MARSIS откривме дека наслагите се поголеми отколку што мислевме, а се протегаат до 3,7 километри во длабочина“, рече планетарниот научник Томас Вотерс од научниот центар Smithsonian Institution во САД.

Ако мразот од MFF се стопи, водата ќе ја покрие целата планета

„Она што е особено возбудливо е што радарските сигнали се совпаѓаат со оние на ледените наслаги и се слични на сигналите од поларните капи на Марс, за кои знаеме дека се полни со замрзната вода“, додаде Вотерс. Ако мразот од MFF се стопи, целата планета би била покриена со вода длабока помеѓу 1,5 и 2,7 метри. Значи, тоа е многу голем резервоар со замрзната вода, доволно голем за да го наполни Црвеното Море на Земјата.

Мистериозната површина на Црвената планета е полна со знаци дека вода некогаш имало во изобилие. Научниците пронајдоа исушени речни канали и корита на древни езера и мориња на Марс. Тие, исто така, забележаа значителни резерви на воден мраз, скриени на поларните капи, во близина на екваторот или, на некои места, дури и многу блиску до самата површина.

Ова може да го промени нашето поимање на климатската историја на Марс

Вакви огромни наслаги на мраз, како она во MFF, не можеле да се формираат во сегашната клима на планетата и веројатно биле создадени во претходната климатска епоха.

„Оваа најнова анализа го оспорува нашето разбирање за формацијата Medusae Fossae и нуди онолку прашања колку и одговори“, рече планетарниот научник од ESA, Колин Вилсон.

„Пред колку време се формирале овие ледени наслаги и каков бил Марс во тоа време? Ако се потврди дека е воден мраз, тогаш овие масивни наслаги ќе го променат нашето поимање на климатската историја на Марс“, рече Вилсон.

„Мислам дека сите древни резервоари за вода на Марс се фасцинантни и треба да се истражат. За жал, наслагите на MFF се покриени со стотици метри прашина, што значи дека нема да можеме да дојдеме до нив некое време“, додава тој.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе