Најдобрата и најлошата храна што може да ја изедете пред тренинг

Б.С.Б.
/ 08.07.2021 / 17:11

Нутриционистите Клои Меклеод и Џесика Спендлов сметаат дека исхраната пред тренинг е подеднакво важна како и самиот тренинг. Додека некоја храна ќе ве исполни со енергија и ќе бидете побрзи и поупорно ќе тренирате, постои и храна која подолго се вари во желудникот.

За Bed Threads тие објаснија дека постојат два клучни фактори кои влијаат дали треба да јадете одредена храна или треба да ја одбегнувате пред вежбање. Тука се клучни влакната и мастите.

„Храна со висок процент на масти, без разлика дали се здрав или заситени и трансмасти, е богата со енергија па потребно е повеќе време за варење. Тоа значи дека подолго ќе за задржи во желудникот, што доведува до чувство на мачнина среде тренинг. Можеби мислите дека влакната се здрави, но ако се консумираат пред тренинг се зголемува ризикот од дигестивни проблеми“, вели Клои.

Советува пред тренинг да избегнувате брокула, карфиол, грав, леќа, пица, чипс, пржена храна, алкохол, сè што е зачинето и кисело.

Од друга страна, јаглехидратите се клучен извор на енергија и добро е да ги консумирате пред повеќето тренинзи.

Се препорачува да се јаде овесни каши, зеленчукови супи, сендвичи со пилешко, житарки со јогурт и овошје, овошни салати, смути и слично. Јадењето пред тренинг помага да се смири желудникот и неговите сокови да спречат глад. Секогаш треба нешто да каснете половина час пред вежбање бидејќи тоа ќе помогне во спречување на мачнина во текот на тренингот.

Тагови
реклама

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Најдоброто природно ѓубриво: Пробајте наводнување со квасец

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Фит

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе