Најдобрите дестинации за патување во 2024 година

Поделувајќи ја својата листа во пет категории, Lonely Planet ги објави 50-те најдобри дестинации за патување во 2024 година. На сеа се наоѓа и Западен Балкан, а еве зошто.

Британскиот издавач Lonely Planet, специјализиран за патувања и туризам, оваа година полни 50 години, а неговата листа „Best in Travel 2024“ е проширена во пет категории: најдобри земји, региони, градови, одржливи туристички дестинации и локации со најдобра вредност.

На прво место се најде Монголија, избрана од Lonely Planet поради нејзините „огромни отворени простори, авантуристички активности и богатата кулинарска и музичка култура“. Ова е најретко населената земја во светот и монголската влада е подготвена да почне да го менува тоа. Годинава периодот до 2025 година го прогласија за „година за посета на Монголија“ и ги олеснија условите за влез на меѓународните патници и подобрена инфраструктура, вклучително и нов аеродром вреден 650 милиони долари.

Други земји што се најдоа меѓу првите 10 вклучуваат популарни дестинации како Мексико, Хрватска и Света Луција, но и помалку посетени места како Бенин и Узбекистан, пишува CNN.

Кога станува збор за регионите, Lonely Planet ја рангираше на прво место велосипедската рута Transdinaric на Западен Балкан, која се отвора следната година и е долга 3.364 километри. Минува низ Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија, Косово и Србија, минувајќи низ планинските масиви и долж брегот на Јадранското Море.

Најдобрите земји за посета според Lonely Panel:

  • Монголија
  • Индија
  • Мароко
  • Чиле
  • Бенин
  • Мексико
  • Узбекистан
  • Пакистан
  • Хрватска
  • Света Луција

Најдобри региони за посета:

  • Трансдинарна велосипедска рута Западен Балкан
  • Остров Кенгур, Австралија
  • Донегал, Ирска
  • Баскија, Шпанија
  • Јужен Тајланд
  • Брегот на Свахили, Танзанија
  • Монтана, САД
  • Салфелден Леоганг, Австрија

Најдобри градови за посета:

  • Најроби, Кенија
  • Париз, Франција
  • Монтреал, Квебек, Канада
  • Мостар, Босна и Херцеговина
  • Филаделфија, Пенсилванија, САД
  • Манаус, Бразил
  • Џакарта, Индонезија
  • Прага, Чешка
  • Измир, Турција
  • Канзас Сити, Мисури, САД

Најдобри одржливи дестинации:

  • Шпанија
  • Патагонија, Аргентина и Чиле
  • Гренланд
  • Велс
  • Камино Португеш де Сантјагу, Португалија
  • Палау
  • Хокаидо, Јапонија
  • Еквадор
  • Балтичка рута - Естонија, Латвија
  • Еко-сместување во Јужна Африка

Дестинации со најдобра вредност (однос цена-понуда):

  • Среден Запад, САД
  • Полска
  • Никарагва
  • Дунавски лимес, Бугарија
  • Нормандија, Франција
  • Египет
  • Икарија, Грција
  • Алжир
  • Отаго, Нов Зеланд
  • Ноќни возови, Европа
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе