Најдобрите фитнес совети од Кристијано Роналдо

Б.С.Б.
/ 25.06.2021 / 14:50

Светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо освен што е во врвна кондиција и е одличен спортист, тој во секоја прилика открива дел од неговите тајни за успех во животот.

Ова се дел од најдобрите фитнес совети од Роналдо:

1. Не престанувајте со вежбање дури и кога ќе заминете од теретана

„Вежбајте секогаш кога можете. Може да правите стомачни наутро кога ќе се разбудите или навечер пред да си легнете. Ако тоа ви влезе во рутината лесно ќе ви стане навика“, изјави фудбалерот во 2015 година.

2. Секогаш правете од сè по малку

„Препорачувам комбинација од кардио и тренинг со тегови за да ги вежбате сите делови од телото и со тоа да ги зголемите силата и издржливоста. На тој начин и тренинзите ги правите поинтересни“, смета Роналдо.

3. Спијте преку ден и рано легнувајте

Роналдо посветува многу внимание за тоа колку спие и кога спие. Неговата опсесија оди толку далеку што одмора пет пати во денот. Освен тоа, час и половина пред спиење ги исклучува сите уреди, вклучително и телевизорот.

4. Тренирајте во друштво

URL

„Тренингот во пар е секогаш добра идеја бидејќи додава натпреварувачки дух и ве тера да вежбате повеќе. Најдете некој со слична форма како вашата па така ќе се поддржувате еден со друг“, вели фудбалерот.

5. Загревање пред тренинг

Загревањето превенира повреди, а тоа му е добро познато на Роналдо.

„На секој тренинг прво трчаме неколку круга, потоа правиме вежби за истегнување и кардио загревање. Секако може да направите нешто слично“, предлага тој.

6. Оладете се со пливање

Фудбалерот има и режим по вежбањето. Додека другите играчи сакаат да седат пред телевизор, Роналдо веднаш оди пливање во базен за да го олади телото

7. Не бидете строги кон себеси

Роналдо советува секогаш да најдете време за опуштање

„Вежбањето е важно, но опуштањето помага да бидете најдобрата верзија од себе, физички и ментално. Ја слободното време сакам да го минувам со семејството и пријателите“, вели тој.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фит

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе