Најдобрите начини да согорите калории без да вежбате

А.С.
/ 13.07.2021 / 13:48

Точно е дека ништо не може да го надмине добриот тренинг кога се обидувате да останете во форма и да го подигнете нивото на ендорфин.

Сепак, има многу работи што можете да направите за да потрошите калории без многу напор. Повеќето од нив се прилично едноставни и премногу достапни за да не ги искористите.

Poosh и Healthline составија список на необични начини на кои можете да согорите калории без да се препотувате во теретана.

Изладете ја водата пред да ја пиете

Веќе знаете дека треба да пиете барем 2 литри вода дневно за да бидете хидратирани, но пиењето вода исто така може да го стимулира метаболизмот и да го поттикне согорувањето на калории. Според студија од 2003 година, ефектот на водата за пиење може да се зголеми со ладење на водата пред да ја пиете.

Кога ќе се освежите со ладна вода, внатрешно ја загревате до температурата на телото, што може да ја зголеми стапката на метаболизам до 40 проценти. Други истражувања покажаа дека пиењето половина литар ладна вода може да помогне во согорувањето помеѓу 24 и 30 проценти повеќе калории во првите 90 минути.

Топла бања

Лежењето во топла бања е многу повеќе од релаксирање. Студија од 2018 година откри дека топлата бања ја подобрува циркулацијата и транспортот на кислород и хранливи материи низ целото тело, што го олеснува отстранувањето на метаболичкиот отпад. Процесот е познат како пасивно загревање и дава слични придобивки како вежбањето.

Посетете сауна

Покрај топла бања, и сауната може да ви помогне во слабеењето. Студија од 2019 година докажа дека 60-минутен престој во сауна може да ви помогне да симнете 0,65 килограми, додека неколку последователни 10-минутни сесии ги намалуваат висцералните маснотии.

Пробајте лимфна масажа

Стимулирање на лимфниот систем ви обезбедува многу придобивки кои вклучуваат забрзување на метаболизмот. Студија од 2013 година откри дека лимфната масажа ја зголемува циркулацијата, го отстранува биохемискиот отпад од крвта и телесните ткива, го намалува стресот на телото, ја намалува подуеноста и заморот, го намалува воспалението и промовира подобар сон.

Туш со ладна вода

Друг начин да го стимулирате вашиот лимфен систем е по туш, бања или сауна да „удрите“ и еден ладен туш за крај. Според една студија објавена во 2014 година во престижното списание PLOS One, изложеноста на студ може да ви помогне да ги намалите маснотиите и да ја зголемите стапката на метаболизам, покрај тоа што ќе придонесе за намалување на воспалението, ќе ви даде енергија и ќе помогне за опоравување на болните или преморените мускули. Доволно е да поминете 60 до 90 секунди под ладна вода.

Разговарајте стоејќи

Може да правите низа вообичаени работи, како што е разговор на телефон  - стоејќи. Ако сакате да го забрзате согорувањето на калориите, обидете се да балансирате на едната нога за време на траењето на повикот и да се префрлите на другата за време на следниот.

Дишете на дијафрагма

Дијафрагматското дишење или абдоминалното дишење влијаат на желудникот, дијафрагмата и стомачните мускули, полнејќи ги белите дробови со воздух поефикасно. Тоа помага да се подобри функцијата на белите дробови и има корисен ефект врз крвниот притисок, пулсот и респираторните мускули, забележува Poosh, повикувајќи се на податок од Frontiers in Psychology.

Наспијте се

Добриот сон го подобрува вашето расположение, ве релаксира и ви помага да се ослободите од токсините и да ги заздравите мускулите по интензивен тренинг.

Длабокиот сон согорува калории и го одржува нашиот метаболизам здрав.

Смејте се

Често се вели дека смеењето е најдобриот лек, но дали знаевте дека согорува и калории? Студија објавена во International Journal of Obesity откри дека „вистинското смеење“, како смеењето за време на забавен филм, може да ја зголеми стапката на метаболизам за 10 до 20 проценти.

Тагови
реклама

Фит

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе