Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Ф.З.
/ 11.04.2024 / 20:54

Дали времето од денот кога вежбате прави разлика? Тим на истражувачи од Универзитетот во Сиднеј откри дека постои.

Истражувачите 8 години следеле скоро 30.000 луѓе со прекумерна тежина. Откриле дека вежбањето на крајот од денот е моќен „противотров“ против кардиоваскуларни болести и го намалува ризикот од рана смрт за 61%.

Студијата, објавена во Diabetes Care, анализирала податоци од 29.836 возрасни постари од 40 години од британската студија на Biobank за да види како времето поминато во физичка активност влијаело на здравствените резултати.

Истражувачите се фокусирале на луѓе кои се класифицирани како дебели - со индекс на телесна маса од 30 или повеќе - бидејќи тие се изложени на многу поголем ризик од кардиоваскуларни состојби како што се срцеви и мозочни удари и прерана смрт.

На околу 2.995 учесници исто така им бил дијагностициран дијабетес тип 2. Учесниците биле поделени во 4 групи според тоа во кое време од денот вежбале. Истражувачите биле во можност да ги следат здравствените траектории на учесниците речиси 8 години.

Во тој период, тие забележале 1.425 смртни случаи, 3.980 кардиоваскуларни настани и 2.162 настани на микроваскуларна дисфункција - ова е тип на срцева болест што ги зафаќа најмалите крвни садови кои се разгрануваат од коронарните артерии.

Од анализата биле исклучени учесниците со веќе постоечки кардиоваскуларни болести и рак. Истражувачите откриле дека, во споредба со оние кои не вежбале, луѓето издвојувале време да се движат навечер (од 18 часот до полноќ) имале: 61% помал ризик од смрт од која било причина, 36% помал ризик од кардиоваскуларни болести, 24% помал ризик од микроваскуларни заболувања.

Утринските (помеѓу 6 часот наутро и пладне) и попладневните (од пладне до 18 часот) вежби исто така биле корисни, но не толку колку вечерните вежби.

Утринските вежбачи сепак имале 33% помал ризик од смрт и 17% помал ризик од кардиоваскуларни болести. Шансите за рана смрт се зголемиле на 40% кај попладневната група, која исто така имала 16% помали шанси за развој на срцеви заболувања.

Интересно е тоа колку често луѓето вежбаат е поважно за здравјето од вкупното време поминато во движење. Истражувачите го забележале истиот тренд кај учесниците кои имале дијабетес тип 2, бидејќи со вечерното вежбање покажале најниски стапки на смртност и болести.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Фит

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more
 

Магазин

Дали знаете што е витамин N? Многу е веројатно дека сте во дефицит, како и повеќето луѓе

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Читај повеќе

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Читај повеќе

Витаминска бомба против пролетен умор

Читај повеќе

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе