Наједноставните начини за чистење кожни јакни

Ако вашата јакна е од квалитетна кожа, тоа е скапо парче облека за чие одржување можете да потрошите богатство.

Имено, не можете јакната туку така да ја ставите во машината за перење и да се испере. Но, не морате ниту да ја носите на хемиско чистење. Кожната јакна можете да ја исчистите со мешање на малку топла вода и детергент за перење садови.

Натопете мека крпа во оваа течност, исцедете ја и потоа избришете ја јакната.

Иако оваа техника е многу едноставна, морате да знаете дека кожата е многу чувствителна и дека никогаш не смеете силно да ја триете бидејќи ќе го оштетите површинскиот слој.

Исто така, никогаш не користете белило за чистење кожа бидејќи може да стане премногу сува, па дури и да почне да пука.

Немојте да користите премногу вода бидејќи кожата ќе ја апсорбира и може да остави грда флека.

Пред перењето секогаш проверувајте ја етикетата за тоа како е препорачано да се чисти кожната јакна и секогаш прво на мал внатрешен дел од јакната тестирајте ја техниката на чистење.

За да ги исчистите дамките на вашата кожна јакна, користете ги следниве состојки:

Паста за заби

Нанесете мала количина паста за заби на дамката. Земете мека крпа и нежно тријте додека дамката не исчезне. Немојте предолго да тиете бидејќи можете да го оштетите површинскиот слој на кожата. Со чиста и влажна крпа отстранете го остатокот од паста од јакната.

Медицински алкохол

Ако на јакната се стационирала габа, измешајте малку медицински алкохол и вода во сооднос 1:1. Натопете крпа и добро исцедете ја, а потоа избришете ја областа со габа. Повторно избришете го истото место, но со друга влажна крпа.

Потоа нанесете соодветен балсам за кожа за да спречите сушење и пукање на кожата, а тоа ќе ја направи и малку поотпорна на идни флеки.

Ако траков производ немате при рака, направете го сами. Измешајте оцет и ленено масло во размер 1:2. Нанесете на јакната и почекајте 15 минути, а потоа избришете со чиста крпа додека не заблиска.

Сода бикарбона

Дамките од маснотии и пот на кожната јакна може да се извадат со сода бикарбона. Нежто истријте ја дамката со влажна крпа. Оставете да отстои преку ноќ, а потоа избришете ја со мека крпа и исушете ја со хартиена крпа.

Ацетон за нокти

Ослободете се од дамките мастило на кожната јакна со помош на ацетон за нокти кој ќе го нанесете на чепкалка за уши. Немојте да ја триете дамката бидејќи мастилото може да се прошири на јакната. Внимателно притиснете ја чепкалката на дамката, а потоа избришете прво со чиста и влажна крпа, а потоа со сува.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Живот

Истражување покажа која боја на облека нѐ прави најпривлечни за другите

Read more

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Read more
 

Магазин

Истражување покажа која боја на облека нѐ прави најпривлечни за другите

Читај повеќе

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе