Најлесниот рецепт досега: Пица од тортиља, готова за само 10 минути

Ви се јаде пица, не сакате да порачате, а не сте расположени сами да си замесите тесто? Постои брз и лесен начин да ја исполните вашата желба - направете ја на тортиља.

Она што ви треба се тортиљи на кои ќе го ставите филот и сѐ заедно ќе испечете во рерна. Оваа генијална идеја ги воодушеви сите што ја имаат пробано. Ова е навистина најлесната и најбрзата пица што некогаш ќе ја направите.

Потребни состојки:

  • 1 тортиља (интегрална или пченична)
  • доматно пире
  • моцарела
  • шунка
  • шампињони
  • свеж босилок

Подготовка:

На хартија за печење ставете една тортилја. Врз неа наредете го филот на класичен начин како со обична пица: прво доматниот сос, па моцарелата, потоа шунката и на крајот шампињоните. Состојките можете да ги менувате по ваш избор, може да комбинирате и со капери, црни маслинки, рукола, лук, инчуни и друго. Важно е само моцарелата (или било кој друг кашкавал) да ја ставите втора, односно по доматниот сос, а сѐ друго да биде над неа.

Се пече на 160°C околу 10 минути, додека тортилјата не порумени и кашкавалот не се растопи. Тоа е тоа, послужете ја веднаш со свеж босилок одозгора и уживајте во малку поинаква, но подеднакво вкусна пица. Дефинитивно и помалку калорична.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе