Најлошите љубовни комбинации во хороскопот (прв дел)

Иако успехот на една врска најмногу зависи од трудот што се вложува во неа, комбинацијата на некои знаци како Лав и Близнаци, Стрелец и Бик или Вага и Скорпија е осуден на континуирана борба за опстанок.

На Овенот не му одговараат Близнаци, Риби и Девица

Припадниците на овој знак се отворени за љубов и нови искуства, но пребрзо влегуваат во врска без претходно добро да го запознаат партнерот.

Најлоша врска остваруваат со Риби, кои за нив се премногу сентиментални, со Близнаците односот ќе се сведе на постојани караници, а Девиците се премногу комплицирани за нив.

Бикот лошо со сложува со Овен, Стрелец и Близнаци

Најлоша љубовна комбинација се со Стрелците, кои според нив се однесуваат премногу слободно и независно. Лош избор се и Близнаците, кои се премногу немирни и Овните, кои поради сличната силна волја постојано се препираат.

За Близнаците лоши се Бикот, Ракот и Рибите

Близнаците се лоша комбинација за Бикот кој нема доволно да го ценат бидејќи не може да ги следи во животните предизвици и амбиции, како и Ракот кој е премногу стабилен и предвидлив за нив. Лоша комбинација се и со Рибите чија емотивност знае да ги гуши.

Ракот не оди со Овен, Близнаци и Стрелец

Ракот бара партнер способен да се труди околу нив. Не сакаат егоистични луѓе кои не покажуваат доволно почит, ниту интерес за другите.

Раковите во љубовна врска најлошо се сложуваат со Стрелец поради појава на љубомора, несигурност и караници во врската. Лоша комбинација се и со Близнаците кои за нив се премногу нестабилни, како и  со Овните кои се премногу ориентирани на себе.

На Лавот не му одговараат Близнаци, Јарци и Риби

Лавот тежнее кон чувство на сигурност во врската, одбивни им се луѓе кои постојано се загрижени и така пренесуваат лоша атмосфера, како и типови на луѓе склони кон манипулации.

Најлоша комбинација се со Близнаци, кои за нив се премногу изгубени во размислувањата. Лошо им оди и со јарците, бидејќи во односот Лавот ќе ја презеде доминантната улога, а тоа Јарецот нема да му го прости. Рибите ненамерно може да ги повреди, па затоа не се добра комбинација.

За Девицата лоши се Овенот, Вагата и Водолијата

Припадниците на овој знак учат рано за љубовните лекции, па со голема сигурност бираат потенцијални партнери. Најлоша љубовна комбинација се со Овенот кој кон нив се поставува шефовски, како и со Вагите кои не се способни да ја разберат критичноста на Девицата. Тешка љубовна комбинација се и со Водолиите, со кои односот е падни-стани.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе