Најлудата Halloween шега: Koga Burger King се маскираше во McDonald's

Ривалството понекогаш знае да биде и инспиративно, особено кога е време на празници кога секогаш присутно е одличното расположение. Така, еден од најлегендарните моменти се случи во 2016 година кога Burger King за Ноќта на вештерките се маскираше во својот голем ривал McDonald's.

Популарниот ресторан за брза храна во њујоршкиот кварт Квинс за празникот кој традиционално се слави на 31 октомври осамна прекриен со платно на кое со натпис беше назначено „McDonald's“.

Објектот изгледаше како џиновски дух со големи очи и жолти веѓи.

Сепак, со напишаното потоа дадоа навестување кој всушност се крие под оваа маска.

„Бууууу! Само се шалевме, сѐ уште ги печеме хамбургерите на оган. Среќна Ноќ на вештерките“, стоеше на пораката кога ја добиваа потрошувачите кога ќе ја отвореа кутијата од својата нарачка.

Фотографиите од генијалниот потег и денес се хит на интернет, а бројни корисници кои тек сега го гледаат ова се воодушевуваат иако е веќе 7 години стара шега.

Иначе, ова не е прв пат Burger King да го исмева својот најголем ривал. Една година претходно, во 2015, ланецот за хамбургери побара од McDonald's да ги здружат силите за да биде создаден The McWhopper - хамбургер во знак на Светскиот ден на мирот.

Burger King објави реклами во New York Times и Chicago Tribune, а дури направи и веб-страница за идејата. Но, нивниот труд беше безуспешен бидејќи извршниот директор на McDonald's, Стив Истрбрук, ја одби идејата.

Исто така, во април истата година официјалниот Twitter профил на Burger King беше хакиран. Сомневањата дека зад нападот стои McDonald's се појавија откако профилот почна да твита дека McDonald's го купил Burger King.

McDonald's ги отфрли обвинувањата, а подоцна претпоставките велеа дека хакирањето е дело на познатата хакерска група Anonymous.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе