Најмалку 15 загинати во тешка сообраќајна несреќа во Канада

Најмалку 15 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во канадската провинција Манитоба, соопшти Кралската канадска коњичка полиција (РЦМП).

До судирот дошло меѓу камион со полуприколка и автобус во кој имало претежно постари лица. Полицијата соопшти дека судирот се случил на Транс-Канада автопатот во близина на Карбери, два часа западно од Винипег.

Во неколку твитови, РЦМП Манитоба соопшти дека одговориле на „многу сериозен масовен судир“ и дека сите нивни ресурси, вклучително и главната крим-единица, биле распоредени на местото на настанот.

Во четвртокот во 11:43 часот по локално време на местото на настанот биле испратени служби за итни случаи, вклучително и авионска брза помош и 12 возила на брза помош. Повеќето постари лица во транспортното возило биле од Дофин, Манитоба и околните области.

Remote video URL

Најмалку 10 лица, вклучително и двајцата возачи, се во болница со веројатно сериозни повреди, соопштија официјални лица. РЦМП побара од возачите да ја избегнуваат областа бидејќи неколку километри автопат беа затворени во близина на местото на несреќата.

Remote video URL

„Срцето ми се скрши кога ја слушнав веста за трагичната несреќа кај Карбери“, напиша на Twitter премиерката на Манитоба, Хедер Стефансон.

URL

Доколку се потврди бројот на жртвите, ова ќе биде една од најсмртоносните сообраќајни несреќи во поновата историја на Канада.

На рурален пат во Саскачеван, соседна провинција, 16 лица загинаа во април 2018 година откако камион удри во автобус кој превезуваше јуниорски хокеарски тим. Во 2019 година, возачот на камионот беше осуден на 8 години затвор.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе