Според последните неофицијални информации, Porsche ќе го претстави моделот 718 Cayman GT4 RS на Саемот за автомобили во Лос Анџелес кој почнува на 17 ноември.
Porsche минатиот месец објави неофицијални фотографии од завршните тестирања и мерења кои се направени на стазата Нирбургринг.
GT4 RS низ „зелениот пекол“ помина за 7 минути и 9,3 секунди што е за 23,6 секунди подобро од времето кое го оствари Cayman GT4.
Тогаш беше најавено дека најбрзиот Cayman ќе биде претставен во ноември, а според последните неофицијални информации GT4 RS ќе го видиме на Саемот.
Го движи 4-литарски атмосферски boxer мотор со 6-цилиндри кој располага 420 КС, а со додатокот RS ќе развива околу 450 КС.