Најнефудбалската земја во светот не издржа: Маршалските Острови прават репрезентација

Филип Здравески
/ 13.02.2024 / 20:30

Зарем има ќоше во светот каде фудбал не се игра? Има! Но, не за долго.

Република Маршалски Острови е суверена држава откако прогласи независност од САД во 1979 година, а членка е на Обединетите нации од 1991. Има нешто над 42 илјади жители од кои 96% се домородни Маршалци, а останатите Филипинци и американски и европски доселеници.

Галерија: Убавините на Маршалските Острови

Она што е интересно за оваа пацифичка земја, освен тоа што Илон Маск и неговата SpaceX го користат островот Омелек за лансирање на ракетите Falcon, е тоа што оваа држава не сака фудбал. И не само што не го сака, туклу воопшто не го практикува. Маршалските Острови немаат никакво фудбалско натпреварување од проста причина што овој спорт таму е страшно непопуларен.

Но, тоа полека се менува. Во 2020 година беше формирана Фудбалската федерација на Маршалските Острови (МИСФ) со прва цел популаризација на фудбалот, а крајна формирање на фудбалска репрезентација која ќе се натпреварува под капата на ФИФА. МИСФ сѐ уште не е членка ниту на ОФЦ ниту на ФИФА, но тоа во иднина ќе се промени.

МИСФ започна со GoFundMe кампања со цел собирање финансии за набавка на опрема, а веќе е завршена и пренамената на стадионот „Маџуро“ на кој сега може да се играат и фудбалски натпревари. Инаку, стадионот е именуван според главниот град Маџуро. Веќе се претставени и дресовите на националниот тим, чиј примерок ќе биде вредна алка за колекционерите на дресови од фудбалски репрезентации.

Се очекува репрезентацијата на најновата фудбалска земја годинава да го има своето огнено крштевање. Имено, начелно е договорен пријателски натпревар против Микронезија, уште една независна држава која не е членка на ФИФА, но која веќе има мало искуство со играње натпревари. Сѐ уште не е дефиниран датумот на одигрување, но се очекува тоа да биде до јуни.

МИСФ објави дека селектираните репрезентативци веќе се подготвуваат за големиот ден.

Во меѓувреме, во државата во декември 2023 започна првенство во футсал.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Фудбал

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Read more

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Read more

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе