Најсилното дете во Русија крева тегови од 100 килограми
Додека неговите врсници играат онлајн игри, единаесетгодишното момче Тимофеј Клевакин од Русија напорно тренира бидејќи сака да собори рекорд во кревање тегови.
Негов личен тренер е татко му Арсениј, додека мајката не е баш воодушевена од идејата.
На 6-годишна возраст тој подигнал тегови од 55 кг, а сега на 11 години планира да урне национален рекорд со подигање тегови од 105 килограми. На летниот Азиски куп Тимофеј крена 100 килограми, што е многу импресивно со оглед на тоа дека тежи 38 килограми. Исто така се натпреварува и со возрасни луѓе, некои постари дури и половина век од него.
За да го исполни неговиот сон малиот Тимофеј мора да се откаже од работите што ги сака, а тоа е дружењето со неговите врсници. Тој тренира трипати неделно. Не јаде брза храна ниту благо, а режимот на исхрана му како кај професионалните спортисти.
Мајка му се плаши дека интензивните тренинзи ќе испаднат штетни за неговото физичко здравје, а нејзиното мислење го делат и експерти за развој на деца. Тие сметаат дека особено може да настрадаат рбетот и колената. Но, таткото не мисли така и го поддржува синот во потфатот. Тој гарантира дека добро внимава ништо лошо да не се случи.