Најстуденото село во светот постави нов топлотен рекорд

Дури 32 степена Целзиусови биле измерени во понеделникот во селото Ојмјакон во далечниот исток на Русија, што е крајно невообичаено за ова најстудено село во светот.

Нов температурен рекорд е измерен во селото Ојмјакон во руската република Саха. Селото меѓународно е познато како најстуденото трајно населено место во светот. Во регионот се појавија и шумски пожари како резултат на топлиот бран.

Температурите во селото во понеделникот достигнаа 32 степена Целзиусови, пренесоа локалните медиуми. Тоа значи дека претходниот топлотен рекорд од 30,5°C поставен во 1949 година, е надминат.

Лидерот на републиката Саха, Ајсен Николајев, во понеделникот прогласи вонредна состојба во регионот поради огромните шумски пожари што се раширија изминатиов викенд. На неговиот канал на Telegram објави дека регионот на Ојмјакон е меѓу најпогодените од топлотниот бран.

Селото Ојмјакон е меѓу најстудените места во северната хемисфера, со температури што се имаат спуштено и до -67,7 степени Целзиусови, забележано во 1933 година. Но, непотврден рекорд од -71,2°C бил пријавен седум години претходно.

Remote video URL

И покрај екстремните зимски услови, Ојмјакон има перманентно население од околу 500 жители.

Климатските промени претставуваат особена опасност по Саха, со оглед на тоа што голем дел од инфраструктурата е изградена над пермафрост (вечен мраз). Експертите предупредуваат дека одмрзнувањето може да доведе до големи социјални и економски последици во регионот.

Републиката Саха е дом на етничкиот народ Јакути, и е најголема од сите републики во Руската Федерација.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Вести

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more

Winamp се враќа во полн сјај

Read more

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе