Најубавите голови од Премиeр лигата постигнати викендов
Пет гола се најдоа на листата на најубави голови на 9. коло од натпреварите играни викендов во најдобрата англиска лига.
Два гола се од натпреварот Астон Вила - Барнли: оној на Дани Велбек за домаќините и тој на Соли Марч за гостите. Потоа, акцијата на Евертон која заврши со голот на Доминик Калверт-Левин против Фулам, како и погодоците на Диогу Жота (Ливерпул - Лестер) и Себастјен Алер (Шефилд Јунајтед - Вест Хем).