Намалениот сексуален нагон кај мажите укажува на ризик од рана смрт

Според неодамна објавената студија, недостатокот на сексуален интерес кај мажите може да укажува на зголемен ризик од рана смрт. Научниците веруваат дека намалениот сексуален нагон може да укаже на некои скриени здравствени проблеми, пишува Science Alert.

Јапонските експерти ги анализираа податоците од годишните здравствени прегледи на 20.969 жители (8.558 мажи и 12.411 жени) на возраст од 40 или повеќе години од префектурата Јамагата, планински регион во Јапонија познат по своите топли извори, храмови и природна убавина.

Научниците од Универзитетот Јамагата ги разгледале нивоата на сексуален интерес што самите ги пријавиле испитаниците во првичниот прашалник и во последователната анкета спроведена години подоцна. Од првичните 20.969 учесници, 503 оттогаш починале.

Експертите забележале дека смртноста од рак и други причини е значително повисока кај мажите со намалено либидо. Оваа корелација се одржа дури и кога ги земаа предвид факторите како што се возраста, хипертензијата, дијабетесот, пушењето, консумирањето алкохол, образованието, брачниот статус и менталното здравје.

„Иако е познато дека сексуалната активност и задоволството придонесуваат за психолошкото здравје кај постарите групи луѓе, врската помеѓу сексуалниот интерес и долговечноста досега не била истражувана. Ова е прва студија која ја испитува врската помеѓу заинтересираноста за секс и ризикот од смрт“, наведуваат истражувачите во истражувањето.

Студијата покажа дека жените пријавуваат недостаток на сексуален интерес почесто од мажите, но не е забележана значајна корелација помеѓу пониското либидо и смртноста. Бидејќи се работи за набљудувачка студија, не може да се заклучи кој од факторите е причина, а кој последица. Научниците наведуваат дека недостатокот на сексуален интерес кај мажите може да биде поврзан со „нездрав начин на живот“.

„Исто така, ако претпоставиме дека сексуалниот интерес е поврзан со позитивни психолошки фактори, неговото отсуство може да влијае на голем број воспалителни, невроендокрини и имунолошки реакции. Потребни се повеќе истражувања за да се разбере точно што се случува, но ова откритие за потенцијална врска е важен чекор“, додаваат тие.

Проблематично прашање во прашалникот

Треба да се напомене дека ова истражување има одредени ограничувања. На пример, нивото на либидото беше одредено според прашањето: „Дали моментално чувствувате некаков интерес за луѓе од спротивниот пол?“. Дури и ако претпоставиме дека сите испитаници разбрале на што се однесува прашањето, тоа ги исклучило учесниците со хомосексуални тенденции.

„Секоја личност која одговорила ‘не’ се дефинира како личност без сексуален интерес. Според тоа, сексуалниот интерес за некој од ист пол би се сметал за ‘недостиг на сексуален интерес’ во оваа студија“, предупредуваат авторите на студијата и наведуваат дека во последователните истражувања овој проблем треба да се земе предвид.

И покрај ограничувањата на студијата, научниците веруваат дека во Јапонија треба да се подигне нивото на свесност за сексуалниот интерес како јавно здравствен фактор кај постарата популација.

„Канадската влада, преку материјали за промоција на јавното здравје, почна да ја поддржува сексуалната активност како еден од елементите на програмата ‘здраво стареење’. Во Јапонија има повеќе предрасуди за сексот меѓу постарите отколку во западниот свет. Се надеваме дека нашето откритие ќе помогне да се промовира сексуалното здравје во Јапонија“, напишале авторите на студијата.

Истражувањето Association between lack of sexual interest and all-cause mortality in a Japanese general population: The Yamagata prospective observational study е објавено во списанието PLOS One.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Љубов и секс

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more
 

Магазин

Намалете ги слатките: 8 знаци дека консумирате премногу шеќер

Читај повеќе

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Читај повеќе

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Читај повеќе

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Читај повеќе

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Читај повеќе

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе