МАРАДОНА КУП 2021

Наполи нема да учествува на Марадона купот

Информациите кои доаѓаат од Аргентина велат дека Напола одбил да учествува на претстојниот прв меморијален куп во чест на починатиот Диего Армандо Марадона.

Марадона купот ќе се игра на 14 декември во Саудиска Арабија и ќе се сретнат Барселона против Бока Жуниорс, два од клубовите каде остави печат со своите игри.

Натпреварот ќе се одржи на „Кинг Сауд“ стадионот во главниот град Ријад, кој е со капацитет од 25.000 гледачи и кој поради спонзорство се нарекува уште и „Мрсул“.

Бока Жуниорс и Барселона се дел од богатата кариера на Марадона, но најголемите успеси ги постигна носејќи го дресот на Наполи. Поради тоа се очекуваше клубот од Неапол да земе учество на првиот ваков меморијален куп, поради што многумина останаа изнеадени од одлуката на „Партенопеите“.

Според информациите кои ги пренесуваат аргентинските и италијанските медиуми, има две причини поради кои во Наполи се одлучиле за ваков непопуларен чекор.

Првата е густиот распоред поради кој за тимот е тешко изводливо во средината на декември да оствари патување до Саудиска Арабија.

Второ, Наполи не склучил договор со агенцијата која го организира купот. Бока и Барса ќе добијат по милион евра за учеството, а наводно Аурелио Де Лаурентис барал Наполи да добие 5 милиони евра, што било неприфатливо за организаторот.

Наполи сепак има намера со своја организација да му одаде почит на својот легендарен фудбалер, во чија чест го преименува и својот стадион „Сан Паоло“. Имено, Наполи планира во периодот крај на декември почеток на јануари да организира натпревар со Архентинос Жуниорс, првиот клуб во кариерата на Марадона.

Марадона има играно уште и за Севиља и Њуел'с Олд Бојс. Најмногу трофеи освои со Наполи: 2 Скудета, 1 Копа Италија, 1 Суперкопа и 1 УЕФА куп. Диего почина на 25 ноември минатата година.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе