НАСА одложи вселенска прошетка поради опасност од вселенски отпад

Американската вселенска агенција НАСА ја одложи закажаната вселенската прошетка на астронаутите бидејќи постои загриженост за безбедносна закана од вселенскиот отпад.

НАСА не откри од каде доаѓа вселенскиот отпад, но јасно е дека неговата близина е доволна причина да се одложи вселенската прошетка. Русија намерно разнесе свој сателит во орбитата пред две недели, што резултираше со илјадници разлетани фрагменти опасни за Меѓународната вселенска станица.

Астронаутите на НАСА Кајла Барон и Томас Маршбурн веќе ги облекоа своите вселенски одела во вторникот и беа подготвени да ја напуштат станицата за да заменат антена, но мисијата беше одложена. Тоа ќе беше петта вселенска прошетка за Маршбурн и прва за Барон.

Агенцијата соопшти дека нема доволно време да го процени ризикот што вселенскиот отпад го претставува за астронаутите, па најдобро решение е да се одложи вселенската прошетка.

Ова е втор пат во последните две недели вселенскиот отпад да создаде проблем и да ги наруши плановите на МВС. На 15 ноември, контролорите од Земјата го разбудиле екипажот и ги советувале да најдат засолниште бидејќи Русија извршила противсателитско тестирање. Русија користеше проектил за да го уништи својот сателит, а резултатот се 1.700 парчиња отпад што може да се следат и илјадници помали парчиња чие следење е невозможно. Поради фактот што сателитот орбитирал релативно блиску до МВС, отпадот може периодично да поминува покрај станицата.

Уште не е потврдено дали прошетката е одложена токму поради остатоците од рускиот сателит.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе