НАСА со виртуелни симулации ќе ги подготвува астронаутите за Марс

Американската вселенска агенција НАСА ќе се здружи со поголеми сектори кои го користат потенцијалот на метаверс за создавање на VR сценарија за мисии на Марс.

Интересот за колонизација на Марс е зголемен, се наближува рокот кога компанијата SpaceX ќе испрати луѓе на Црвената планета, а НАСА работи на тоа што подобро да ги подготви астронаутите за опстанок на Марс.

Минатата година се зборуваше за тоа дека НАСА сака луѓето да минат време во „марсовско живеалиште“ креирано на Земјата за да учат за влијанијата на продолжениот престој во вонземска средина. Но, со оглед на фактот што не можат баш сите симулации да се извршат во реалниот живот, вселенската агенција решение ќе најде во метаверс.

Затоа, НАСА креира пет категории на Марсовски симулации како што се Set Up Camp, Scientific Research, Maintenance, Exploration и Blow Our Minds.. Последното е фокусирано на креативност и може да се користи за смислување најбизарни сценарија.

Потребно е пријавите да се извршат во рок од 80 дена, а за секоја категорија постојат до 4 награди. Предизвикот е отворен за сите кои сакаат да учествуваат.

Со користење на Unreal Engine, луѓето ќе настојуваат да изградат свои искуства кои ќе се користат во Mars XR Operations Support System.

Ова опкружување веќе има свет со терен како Марс, реалистично време, циклуси ден-ноќ. Гравитација како на Марс и слични содржини. Уникатните искуства ќе се градат на платформата, а на предизвикот се приклучија повеќе од 150 тимови од целиот свет.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе