Наскоро ќе никнат два нови клуба: НБА се враќа во Сиетл, клуб добива и Лас Вегас

Интересна информација доаѓа од САД каде се подготвуваат два нови пазари и се зголемува бројот на клубови.

Со години се зборува за потенцијално проширување на НБА од 30 на 32 клуба, а како што пишува Front Office Sports, американскиот портал кој се занимава со спортски бизнис, се чини дека сѐ ќе се разјасни кога ќе биде склучен новиот договор за ТВ правата. Актуелниот истекува на крајот на следната сезона и НБА лигата веќе работи на нов договор кој ќе биде уште побогат, а се чини дека ќе вклучува уште две франшизи кои само ќе ги зголемат навивачките бази.

Градовите кои се фаворити за добивање на НБА клубови се пред сѐ Лас Вегас и Сиетл, кој исто така се споменува со години. Што се однесува до новиот клуб од „градот на гревовите“, инвеститор наводно би можел да биде Леброн Џејмс, кој конкуренција ќе има во Шекил О'Нил. Двајцата изразија интерес за вложување во клуб од Лас Вегас. Сиетл ја имаше франшизата Сиетл СуперСоникс од 1967 до 2008 година, но потоа правата беа префрлени на Оклахома Сити. Жителите на Сиетл сѐ уште не го имаат преболено згаснувањето на популарните Соникс. Лас Вегас никогаш немал клуб во НБА.

Со оглед на тоа дека двата клуба се од западниот брег, тоа би значело дека некој ќе мора да се пресели во Источната конференција. Според некои информации тоа би можело да бидат Минесота Тимбервулвс, Мемфис Гризлис или Њу Орлеанс пеликанс, а засега нема дефинитивна потврда како НБА лигата ќе го реализира овој трансфер.

Покрај овие промени кои нѐ очекуваат во иднина, НБА одлучи веднаш да го промени форматот на Ол-стар натпреварот. Средбата ќе се одигра на 18 февруари во Индијанаполис, а по пауза од неколку години - ќе гледаме пресметка меѓу играчите на Источната и Западната конференција. Она што ќе остане исто е процесот на гласање за одредување на Ол-стар тимовите (со по 12 од секоја конференција), додека се укинува „неограничениот четврти дел“ во кој целта е да се надмине одреден број бодови.

Тагови
реклама

Кошарка

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Read more

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе