НАТО: Досега најмалку 20 загинати на аеродромот во Кабул

НАТО соопшти дека најмалку 20 луѓе загинале на аеродромот во Кабул и околу него, пренесува Sky News.

– Најмалку 20 лица загинаа во изминатата недела за време на евакуација во и околу аеродромот во Кабул, изјави денеска претставник на НАТО, кој побарал да остане неименуван.

– Кризата пред аеродромот во Кабул е трагедија. Нашиот фокус е на евакуација на сите странски државјани што е можно поскоро, рече официјалниот претставник, пренесува Sky News.

Толпата луѓе се зголеми пред аеродромот во последниве денови, со што се отежнуваат операциите за евакуацијата на САД и другите држави кои сакаат да ги повлечат своите дипломати, цивили и Авганистанци од државата преземена од талибанците.

– Нашите сили одржуваат строга оддалеченост од надворешните области на аеродромот во Кабул за да спречат судири со талибанците, додаде официјалниот претставник.

Претходно денеска, британската војска соопшти дека седум авганистански цивили загинале во големата турканица во близина на аеродромот во Кабул, поради хаосот што настана во градот откако жителите почнаа да бегаат од талибанците, кои ја презедоа контролирата врз владата.

Американските медиуми наведуваат дека околу аердромот е настаната општа турканица, а имало и повредени, особено кога талибанците пукале во воздух, со цел да ги избркаат луѓето што сакале да се качат на секој авион што го напушта Кабул.

Британското Министерство за одбрана во денешното соопштение наведува дека „условите на терен остануваат многу предизвикувачки, но дека Обединетото Кралство останува посветено да стори сѐ што е можно за да ја подобри ситуацијата и сѐ да биде безбедно, колку што тоа е можно“, јави Sky News.

Аеродромот од изминатата неделата е главната точка за бегство за илјадниците Авганистанци, кои бараат засолниште од талибанците надвор од земјата.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе