Научници докажаа што може аспиринот да направи кај заболените од ковид

Според нова, меѓународна студија во Велика Британија, антиагрегационите лекови како што е аспиринот, имаат мало влијание на здравјето на пациентите заболени од тежок ковид, но долгорочно гледано, ако се даваат на почетокот на болеста, поголема е веројатноста да преживеат во првите 3 месеци.

Студијата, направена од истражувачи на Универзитетот во Бристол и Империјал колеџ во Лондон, откри дека употребата на лекови против зголемување на тромбоцитите, како што е аспиринот, за лекување пациенти со тежок облик на ковид, не ја менува краткорочно здравствената слика.

Но, откриле дека е поголема веројатноста пациентите кои земале вакви лекови да преживеат во следните три месеци. Резултатите од студијата се објавен во The Journal of the American Medical Association (JAMA).

Во клиничкото истражување биле вклучени 1.557 пациенти критично болни од COVID-19 во 105 болници во Канада, Германија, Франција, Индија, Италија, Непал, Холандија и Велика Британија, во текот на 2020 и 2021 година.

На некои пациенти им било дадено аспирин, на некои друг вид антитромбоцитен лек, а на некои не е даден антиагрегационен лек. Главниот фокус било да се види како овие лекови влијаат на должната на времето додека на пациентите им било потребна поддршка на органите, како што е на пример, поддршката за дишење.

Истражувачите откриле дела овие краткорочни исходи биле слични, без разлика дали пациентот бил или не бил лекуван со антиагрегационен лек.

Потоа, истражувачите продолжиле да го следат напредокот на секој пациент во текот на 90 дена и откриле дека е поголема веројатноста да преживеат оние биле лекувани со ваков лек (70,5% шанси за преживување со 67,3% кај пациенти кои не се лекувани).

Во иднина, истражувачите ќе продолжат да ги проучуваат овие лекови кај критично болните пациенти, фокусирајќи се на долготрајното преживување со цел да дознаат повеќе за тоа кој пациент најверојатно ќе има поголема корист.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе