Науката докажа - нордиското чудовиште хафгуфа навистина постои, и денес

Едно неодамнешно истражување потврди дека морското чудовиште од нордиската митологија опишано во ракописи од средниот век навистина постои и најверојатно станува збор за обичен кит.

Хафгуфа

Хафгуфите се споменати во норвешки ракописи од XIII век наречени „Konungs skuggsjá“ (Огледалото на кралот). Името на суштеството, hafgufa, доаѓа од старонордиски и тоа haf (море) и gufa (пареа или магла). За суштетсвото се вели дека ја користело сопствената повраќаница како мамка да улови риби. Ова животно ги населувало водите околу Исланд, односно Гренландското Море, и јужно кон Хелуланд, земја за која не се знае точно која е, бидејќи била откриена од Леиф Ериксон за време на неговото патување во Америка, многу пред Колумбо. Денес во научната фела преовладува мислењето дека станува збор за Бафиновиот Остров во Канада.

Кит што лови како хафгуфа

Пред нешто повеќе од една деценија научниците за прв пат ја опишаа техниката на лов кај грбавите и брајд китови, позната како „хранење со стапица или вода“. При ова хранење споменатите животни ја држат устата неподвижно отворена на површината на водата, додека во нив влегува јато риби и птици, несвесни дека влегуваат во смртоносна стапица.

„Читав една нордиска митологија и приметив суштество кое при хранењето се однесувало речиси идентично како грбавиот кит“, вели Џон МекКарти од Универзитетот Флиндерс во Австралија. „Кога почнавме малку подлабоко да истражуваме, приметивме дека паралелата е навистина прилично впечатлива“.

Разоткривање на митот за хафгуфите

Тим на експерти од различни области се здружил за да ја истражи сличноста помеѓу стратегијата на лов што ја користи споменатиот вид на китови и легендарните хафгуфи од нордиската митологија. Станува збор за моско чудовиште чие име значи „морска магла“.

„Скандинавците биле вешти морнари. Нивните пловидби во најголемиот број случаи биле поради риболов, така што имале многу големо познавање за плимите, струите, брановите, но и рибите“, објаснува Лорен Поер од Универзитетот во Вашингтон.

Поради тоа истражиле бројни извори и дошле до заклучок дека описите на митолошкото суштество кое на рибите им испушта примамлив мирис всушност одговараат на сознанијата до кои дојде неодамнешна студија во која се наведува дека грбавите и брајд китови при гореспоменатата техника на хранење повраќаат во својата уста при што испуштаат мирис сличен на скапана зелка, кој пак го привлекува пленот.

Remote video URL

„Иако нивната перцепција на светот била навистина поинаква, луѓето понекогаш давале прецизен опис на видовите. Во недостаток на свест за поменатата техника на хранење, некои писатели измислиле митолошко морско суштество и направиле забуна“, објаснува МекКарти.

Истражувањето е објавено во списанието Marine Mammal Science.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе