Науката потврди: Камата на Тутанкамон е направена од метеорит

Благодарение на напредна и неинвазивна метода, се потврди она што одамна се претпоставуваше - дека познатата кама на египетскиот фараон Тутанкамон била направена од метеорит.

Тутанкамон дошол на тронот на многу млада возраст и е повеќе познат по предметите пронајдени во неговиот гроб отколку по неговото владеење. Благодарение на новиот неинвазивен метод, научниците открија дека неговата позната железна кама со златна рачка всушност била направена од метеорит со помош на релативно ретка техника на ковање.

Историските податоци велат дека Тутанкамон бил и последниот владетел на египетската 18-та династија, а неговиот гроб бил пронајден пред речиси еден век. Содржел повеќе од 5.000 артефакти кои до денес се проучуваат и анализираат за да се утврди нивното потекло и да се открие како тие завршиле кај него.

Во споредба со саркофагот, погребната маска направена од злато, тронот и парчињата мебел, путите и другите артефакти пронајдени во гробницата, железната кама можеби изгледа незначителна, но таа е една од ретките работи направени од железо.

Археолозите веруваат дека во тоа време железото било симбол на висок статус во општеството. Од досегашните достапни податоци, знаеме дека топењето на железо не било многу вообичаено во регионот, а работата со метално железо датира неколку стотици години пред фараоните да станат владетели на обединетата држава. Се верува дека железното време започнало околу 1.200 п.н.е., еден век откако Тутанкамон починал.

За проучување на составот на материјалот била користена рендгенска флуоресцентна спектроскопија, а биле откриено и големо присуство на никел во главната компонента на железото. И додека трагите од никел во земјиното железо не надминуваат 4%, процентот на никел од 11% во камата укажува на вонземско потекло на почетниот материјал, што укажува дека веројатно се работи за метеорит.

Покрај траги од никел и кобалт, на сечилото биле пронајдени и траги од сулфур, хлор, калциум и цинк во вид на поцрнети дамки. Распределбата на овие елементи во трагови одговара на Вилдманштетеновиот моделот, кој редовно се гледа во железните метеорити. Затоа, научниците потврдија дека се работи за метеорит со споредување на примероци од камата со примероци од метеорити од Јапонија.

Пресек на метеорит на кој се гледа Вилдманштетеновиот модел

Научниците веруваат дека камата била кована на релативно ниска температура од 950 степени.

Исто така, потврдено е и дека камата претходно му припаѓала на дедото на Тутанкамон, Аменхотеп III, кој ја добил како свадбен подарок од кралот Митани. Скапоцените камења на камата биле фиксирани со варов малтер користен во кралството Митана, додека Египќаните користеле малтер од гипс.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе