Навални исчезна: Се губи секаква трага на најжестокиот противник на Путин

Лидерот на руската опозиција и затвореник Алексеј Навални е префрлен на непозната локација од казнено-поправниот дом каде што издржува затворска казна од две и пол години, изјави денеска негов соработник.

„Не знаеме каде е сега Алексеј или во која казнена колонија е пренесен“,објави наTelegram Леонид Волков, лидер на тимот на Навални.

Навални, најпознатиот опозициски лидер во последните десет години, беше уапсен во февруари 2021 година при враќањето од Германија каде што се лекуваше од обид за труење со нервен агенс, за кој рече дека бил извршен по наредба на Кремљ.

Навални беше повторно осуден на 24 март, овој пат на девет години затвор под обвинение за измама и непочитување на судот, а тие обвиненија ги отфрла како политички измислени за да се ограничат неговите политички амбиции.

Судијата нареди Навални, кој јавно ја осуди руската воена агресија врз Украина, нарекувајќи ја „глупава“, да биде пренесен во казнено-поправен дом со максимална безбедност, каде што ќе му бидат намалени правата на посети и контакти.

Навални ја отслужи казната во Колонија 2, затвор во Покрово, 119 километри источно од Москва.

Откако е во затвор, руските власти во голема мера ја разбиле политичката мрежа што тој ја создал, повикувајќи се на обвинувања дека неговата организација е „екстремистичка“.

Најблиските соработници и организатори на Навални сега се или во затвор или принудени на егзил.

Пред две недели против Навални беше покренато ново обвинение, овој пат за основање екстремистичка организација и поттикнување омраза против властите, за што може да добие максимална казна од уште 15 години затвор.

Кира Јармиш, неговата портпаролка, на Twitter објави дека адвокат се обидел да го посети во затвор. По неколку часа чекање, затворскиот персонал го информирал дека „нема затвореник под тоа име“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе