Навални: Знам кој сакаше да ме убие

Б.С.Б.
/ 16.12.2020 / 11:35

Најмалку 8 руски тајни агенти на ФСБ учествувале во труењето на Алексеј Навални, тврдат медиумите во опсежно истражување. Меѓу нив е и германскиот Spiegel.

Најголемиот критичар на Кремљ, Навални, очигледно бил отруен во текот на комплексна операција изведена од тајни руски агенти, ова го тврдат неколку меѓународни медиуми кои ги истражуваа околностите на труењето на рускиот политичар. Идентификувани се најмалку 8 агенти на ФСБ, пишува германскиот магазин Spiegel; кој учествуваше во истражувачките платформи Bellingcat и The Insider.

Станува збор за 6 агенти кои непосредно ја извеле акцијата и уште двајца кои раководеле со операцијата. Навални преку Instagram зборуваше за тие извештаи.

„Знам кој сакаше да ме убие“, напиша тој и објави фотографија од 8 мажи.

Spiegel пишува дека на основа на анализа на податоци за користење мобилни телефони, GPS и слични податоци за локации, односно со анализа на бројни листи на авионски патници, може да се реконструира дека Навални уште од 2017 година бил мета на тим од ФСБ. Тајните агенти повеќе од 30 пати летале пред него на целта на која патувал и Навлани и потоа кратко по него се враќале во Москва.

Двајца мажи за кои се наведува дека раководеле со операцијата наводно се членови на две единици на ФСБ кои во минатото биле поврзани со убиства со труење, станува збор за Институтот за криминалистика и Центарот за специјална техника. Една од тие личности редовно комуницирала со хемиските лаборатории кои се доведуваат во врска со руската новичок-програма.

Remote video URL

Сите 8 агенти биле активни во медицински или хемиски сектор, односно работеле за руските специјални единици.

Во интервју за DW, Арик Толер, репортер од Bellingcat, зборуваше за тие истражувања. Тој тврди дека тие не се обични агенти на ФСБ, туку минале обука за користење хемиско оружје.

URL

Според наводите на три европски лаборатории, Навални бил отруен со нервен гас од групата новичок. Навални сега е во Германија на рехабилитација и најави дека сака да се врати во Русија.

Кремљ демантира каква било поврзаност со случајот, а рускиот претседател Владимир Путин вели дека ќе се почне со истрага дури откако се појават докази дека станува збор за злосторство.

„Јас сум сосема сигурен дека Путин бил свесен за операцијата“, изјави Навални во интервју за CNN.

URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе