Навики кои го упропастуваат сексуалниот живот

Секојдневните навики на луѓето имаат влијание и на сексуалниот живот, без притоа да сме свесни за тоа. Некои навики се добри, но некои од нив можат да го упропастат сексуалниот живот. Откријте за кои навики станува збор.

Мислите дека премногу честата употреба на телефон не влијае на вашиот сексуален живот? Ако спаѓате меѓу оние кои не можат да си замислат пред спиење да не го земат смартфонот во раце, знајте дека ова го прават повеќето луѓе во светот. Поточно, 40% од испитаниците на истражувањето спроведено од Toluna Market Research Institute одговориле потврдно. Особено испитаниците помлади од 30 години или 70% од нив. Сега се прашувате каква врска има мобилниот со недостатокот на секс или поретки сексуални активности?

Не заборавајте дека во креветот не сте сами, ниту дека сета опседнатост со телефонот (на пример ако постојано следите спортски резултати, следите вести или ги следите настаните на социјалните мрежи) може да го ослаби вашето либидо.

Втора навика што ќе ја споменеме е постојаното одложување, си доаѓате уморни од работа или од тренинг и поради сето тоа ги одложувате сексуалните активности. Не го занемарувајте партнерот и не ги занемарувајте придобивките од сексот.

Трета навика, премногу порнографија. Точно е дека порнографијата не го нарушува сексуалниот живот во умерено одбрани моменти или ако претставува поттик во кој и двајцата уживате. Но, ако сами си седите пред компјутер 3 до 5 пати неделно, може да ви донесе проблеми кои навистина не би сакале да ги имате.

На ред е уште една лоша навика, не правите ништо по дома. Ако после работа имате навика да си легнете на кревет и да чекате да ве викнат за јадење, потсетете се дека одамна не сте дете. Жените во секој сегмент имаат еднакви права и треба да знаете дека заедно сте членови на тим во кој секој има еднакви задачи. Колку сте поактивен дома, колку повеќе заедно правите работи, толку повеќе создавате време за да уживате во креветот заедно со партнерката, пишува Men’s Health.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе