НБРМ: Раст од 3,9% и инфлација од 3,1% за годинава, засега не се очекуваат шокови

Закрепнување на македонската економија со раст од 3,9% за оваа и за следната година предвидува Народната банка во најновите макроекономски проекции. На среден рок се очекува умерено забрзување. Инфлацијата е проектирана на 3,1% и направена е умерена нагорна корекција во однос на априлската проекција, а следната година се очекува инфлацијата да биде 2,4%.

И покрај енергетската криза и растот на глобалниот раст на цените, засега не се очекуваат шокови, а проекциите на меѓународните финансиски институции се дека наредната година ќе има стабилизирање во енергетскиот сектор.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, уверува дека ситуацијата будно се следи и дека централната банка има на располагање низа инструменти кои соодветно би се искористиле доколку е потребно со цел да се задржи макроекономската стабилност.

– Будно ги следиме состојбите особено кај енергетскиот сектор и кај глобалниот раст на цените, но засега не се очекуваат шокови, се очекува инфлацијата да остане во умерени рамки, подвлече Ангеловска-Бежоска на денешната прес-конференција посветена на ноемвриските проекции.

Доколку кризата има пролонгирани ефекти, како што истакна гувернерката, тие негативно би се одразиле врз повеќе сегменти во економијата како што се инфлацијата, повисоките притисоци, трговското салдо…

– Ние оваа година правиме умерена нагорна корекција на трговскиот дефицит, односно го влошуваме трговското салдо и токму една од причините се повисоките цени на енергенсите, но засега сите проекции на релевантните финансиски институции се дека ќе има стабилизирање на енергетскиот сектор следната година, истакна Ангеловска-Бежоска.

Според проекциите, дефицитот се очекува да остане во умерени рамки на ниво од 3,8%, а на среден рок да изнесува околу 2% од БДП, слично на преткризното ниво.

Ризиците за растот се претежно надолни, но според алтернативното сценарио, со кое се предвидува помала странска побарувачка, поголема воздржаност од потрошувачка и инвестиции на домашните субјекти, растот би бил помал во просек од 1,2 процентни поени за периодот 2022-2023 година. Како позитивен ризик, пак, се сметаат ефектите од Планот за забрзан економски раст кој не е земен предвид во проекциите.

Државните резерви, според податоците на Народната банка, изнесуваат 3,6 милијарди евра што е високо ниво во споредба со 2008 година кога изнесувале 1,5 милијарди евра. Позитивни движења се забележани и кај странските директни инвестциии кои во првата половина од годинава изнесувале 190 милиони евра за разлика од истиот период лани кога изнесувале 130 милиони евра. Раст има и кај дознаките од странство во првите девет месеци.

Кај банкарскиот сектор се очекува да продолжи солидната поддршка од страна на банките кон компаниите и кон граѓаните. Кај депозитите се очекува годишен раст од 7,1% годинава и умерено забрзување до 8% на среден рок.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Бизнис

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Read more

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Read more

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Read more

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе