Не ги игнорирајте знаците: Проблеми со струјата кои се аларм да повикате електричар

Не смеете да си играте со струја, а исклучително е важно сѐ да функционира како што треба. Впрочем, написите во весниците се преплавени со страшни вести, во кои по некој умира поради неисправни приклучоци, продолжни кабли и воопшто, проблеми со струја. Затоа е многу важно да реагирате навреме, доколку забележите дека се случува нешто необично. Без разлика дали мириса на изгорено во вашиот дом, сијалиците треперат без причина или често излергува осигурувачот или нешто друго, не двоумете се, повикајте професионалец, бидејќи одредени работи навистина можат да бидат опасни по живот за вас и вашето домаќинство. Ако се појави некој од овие проблеми, повикајте електричар што е можно поскоро.

Штекерите се топли на допир

Вообичаено е некои уреди да се загреваат додека се користат, но никогаш не е добар знак ако самиот штекер се загрева. Кога ќе се олабави приклучокот или штекерот, повеќе струја мора да помине низ приклучокот до уредот и таа зголемена моќност се претвора во отпадна топлина, што го прави штекерот жежок. Ако некогаш ви се случи ова, веднаш исклучете ги апаратите од струја и не користете ги повторно додека не се поправи штекерот.

Светлата трепкаат без очигледна причина

Ако таванските светла се затемнуваат или треперат кога ја вклучувате микробрановата печка или правосмукалката, можеби го преоптоварувате електричното коло на вашиот дом. За да бидете сигурни, проверете ги жиците и прекинувачите во тој дел од домот.

Штекерите не се прицврстени на ѕид

Веројатно барем еднаш во животот ви се случило штекерот да се олабави, и да не е прицврстен за ѕид. Сепак, не треба да ги одложувате ваквите работи. Ако не се правилно монтирани, жиците може да се извлечат, што ќе резултира со изложени делови, искри и кратки споеви.

Жиците се направени од алуминиум

Алуминиумот во минатото се користел во голем број електрични инсталации, веројатно поради недостигот на бакар во средината на 60-тите години. На пример, бројни студии покажаа дека таквите инсталации претставуваат голема опасност, особено што почесто се случуваат пожари. Алуминиумскиот оксид може да се прегрее кога жицата е поврзана со терминалите. Затоа, секој „вишок на електрична енергија“ може да доведе до пожар.

Често мириса како нешто да гори

Мирисот на изгорено никогаш не е добар знак. Дури ни кога печете колачи во рерна. Жиците не треба да станат толку жешки за да се стопи пластичната обвивка, но ако тоа се случи, мора веднаш да го идентификувате изворот за да спречите опасност од пожар.

Осигурувачот често излегува

Ако често треба да ги ресетирате осигурувачите, тоа може да биде знак дека колата се преоптоварени. Квалификуван лиценциран електричар може да ви помогне да го процените оптоварувањето на вашите прекинувачи и осигурувачи, за да можете да направите подобрувања во вашиот дом.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе