Не сте надуени само поради храната: Причини поради кои ви расте стомакот

Надуеноста на стомакот е еден од оние досадни физички феномени за кои сме во бескрајна потрага по лек. Доаѓа во две форми – како задржување вода и формирање гасови.

Исто така, се смета за секундарна болест која не претставува голема закана по здравјето за да бидат посветени позначајни истражувања. Виновник за ова обично е храната (преработена, рафинирана), но и други неочекувани причини можат да доведат до надуеност.

1. Лет со авион

Авионите можат да ве доведат до вашето место за одмор, но многумина на целта пристигнуваат надуени. Еден од начините на превенција е да пиете доволно течности и избегнувате нездрави „грицки“ во авионот. Чајот е добар сојузник во летот.

2. Лекови

Од антибиотици до лекови против болка и контрацептивни пилули, може да се појави надуеност во стомакот. Антибиотиците влијаат на бактериите во цревата што може да доведе до надуеност. Лековите против болка можат да го забават дигестивниот систем.

Пиење многу вода и користење пробиотик и дневна доза магнезиум можат да помогнат да се забрза работата на гастроинтестиналниот систем.

3. Недоволно движење

Бавно тело значи бавно варење. Кој било вид физичка активност, од интензивен тренинг до едноставно пешачење на правилен начин го одржува дигестивниот систем.

4. Брзо џвакање на храната

Не се брзајте додека јадете. Така ќе го намалите ризикот од прејадување, но и од голтање воздух што е причина за надуеност. Џвакањето со отворена уста исто така доведува до влегување на повеќе воздух.

5. Студена вода

Во некои култури едноставно не може да добиете чаша ладна вода во ресторан. И за тоа има објаснување, пиењето студена вода го забавува варењето зацврстувајќи ги мастите, а покрај тоа телото мора да троши повеќе енергија за да ја апсорбира водата кога е студена.

Ладната вода сито така ги разблажува желудочните сокови, што дополнително го забавува процесот на варење и може да предизвика надуеност.

6. Пиење од шише

Додека пиете од шише со долго грло земате повеќе воздух отколку пиејќи од чаша или од шолја. Истото важи и за пиење од сламка, затоа чувајте ги и цревата и животната средина.

7. Хормони

Големи се шансите да се чувствувате надуено додека имате менструација бидејќи нивото на хормони во текот на тие денови може да влијае на процесот на филтрирање на водата во бубрезите и да биде причина за задржување вода повеќе од вообичаено.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Здравје

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Read more

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе