Неизвесна трка за Сенатот – дали демократите ќе ја освојат Џорџија?

Единаесет дена по одржаните избори во САД, сè уште не се познати имињата на носителите на 12 конгресни мандати, членови во Претставничкиот дом. Контролата на Долниот дом на Конгресот ја имаат демократите, додека за Сенатот ќе се одлучува во вториот круг гласање во Џорџија закажан во јануари 2021 година.

Броењето на гласовите за изборите во Претставничкиот дом сè уште не е завршено во 12 конгресни дистрикти. Два во Калифорнија, седум во Њујорк, по еден во Ајова, Њу Џерси, и Јута.

Со последните објавени победи во Аризона и Џорџија, веќе е јасно дека на претседателскиот избори со голема разлика во електорски гласови победи Џо Бајден, кандидат на Демократската партија. Извесно е дека демократите ја задржаа контролата во Претставичкиот дом, но со помало мнозинство. Конечниот број на распоредот на силите ќе се знае откако ќе се објават разултатите за овие 12 мандати.

Кој ќе го контролира Сенатот ќе се знае по 5 јануари 2021 година, кога во Џорџија се оди на втор круг избори. Оваа сојузна држава дава две сенатски места.

По тесната разлика од гласањето на 3 ноември, кога републиканскиот кандидат Дејвид Пердју не го освои потребниот праг од 50 отсто гласови на излезените избирачи, ќе треба повторно да се соочи со демократот Џон Ософ. Другата трка ќе биде меѓу републиканката Кели Лофлер и демократот Рафаел Варнок, пастор на Баптистичката црква во Атланта, кои се борат да го довршат остатокот од мандатот на пензионираниот сенатор Џери Исаксон.

Засега распоредот на силите во Сенатот е во полза на републиканците кои имаат обезбедено 50 членови, додека демократите имаат 48. За да го добијат контролен глас во Сенатот по инаугурацијата на Бајден во јануари, демократите ќе треба да ги освојат двете места во Џорџија.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе