КОПА ИТАЛИЈА 2022/2023 - ФИНАЛЕ

Неколку факти за вечерашното финале Фиорентина - Интер

Филип Здравески
/ 24.05.2023 / 12:52

За прв пат во финалето од Копа Италија ќе се сретнат виолетовите од Фиренца и црно-сините од Милано, вечерва од 21 часот на „Олимпико“ во Рим.

Ќе биде финале без преседан: Интер и Фиорентина никогаш досега не се спротивставиле во последниот чин од Копа Италија. Во претходните фази на Купот се имаат сретнато 13 пати. Билансот е израмнет: 5 победи на „Нераѕурите“, 3 нерешени и 5 победи на „Виола“.

Пласманот во финалето на Копа Италија автоматски ги квалификува Интер и Фиорентина за италијанскиот Суперкуп 2023, во кој за првпат ќе учествуваат четири екипи: првите две во Серија А и двата финалиста во Копа Италија, како што веќе неколку години се игра во Шпанија.

URL
Фиорентина во Купот: 11-то финале, 6 пехари

Финалето против Интер за Фиорентина ќе биде 11-то во клупската историја. Во досегапшните 10 „Виола“ има 6 победи (1940, 1961, 1966, 1975, 1996 и 2001) и 4 порази (1958, 1960, 1999 и 2014).

Во шесте триумфи Фиорентина ги совладала Џеноа, Лацио, Катанѕаро, Милан, Аталанта и Парма. „Виола“ само еднаш успеала две години по ред да игра финале, во сезоните 1959/1960 и 1960/1961.

URL

Сите финалиња на Фиорентина:

1940 | Фиорентина - Џеноа 1:0
1958 | Лацио - Фиорентина 1:0
1960 | Јувентус - Фиорентина 3:2
1961 | Фиорентина - Лацио 2:0
1966 | Фиорентина - Катанѕаро 2:1 прод.
1975 | Фиорентина - Милан 3:2
1996 | Фиорентина - Аталанта 1:0, 2:0
1999 | Парма - Фиорентина 1:1, 2:2
2001 | Парма - Фиорентина 0:1, 1:1
2014 | Фиорентина - Наполи 1:3
2023 | Фиорентина - Интер

Интер во Купот: 15-то финале, 8 пехари

Ова против Фиорентина ќе биде 15-то финале во историјата на Интер во Копа Италија. Во 14-те одиграни финалиња „Нераѕурите“ имаат 8 победи (1939, 1978, 1982, 2005, 2006, 2010, 2011 и 2022) и 6 порази (1959, 1965, 1977, 2000, 2007 и 2008).

Во своите осум победи Интер ги совладал Новара, Наполи, Торино, Рома (трипати), Палермо и Јувентус. Интер стигна до финалето во две последователни сезони за првпат по двегодишниот период во 2009/2010 и 2010/2011.

URL

Сите финалиња на Интер:

1939 | Амброзиана Интер - Новара 2:1
1959 | Интер - Јувентус 1:4
1965 | Јувентус - Интер 1:0
1977 | Милан - Интер 2:0
1978 | Интер - Наполи 2:1
1982 | Интер - Торино 1:0, 1:1
2000 | Лацио - Интер 2:1, 0:0
2005 | Рома - Интер 0:2, 0:1
2006 | Рома - Интер 1:1, 1:3
2007 | Рома - Интер 6:2, 1:2
2008 | Рома - Интер 2:1
2010 | Интер - Рома 1:0
2011 | Интер - Палермо 3:1
2022 | Јувентус - Интер 2:4
2023 | Фиорентина - Интер

Досегашни куп дуели Интер - Фиорентина

27.04.1960 Фиорентина - Интер 2-1
09.02.1966 Фиорентина - Интер 2-1
04.06.1967 Интер - Фиорентина 1-0
05.09.1976 Фиорентина - Интер 2-2
14.05.1978 Интер - Фиорентина 2-2
24.05.1978 Фиорентина - Интер 0-0
28.09.1988 Интер - Фиорентина 3-4
15.02.1996 Фиорентина - Интер 3-1
28.02.1996 Интер - Фиорентина 0-1
03.02.2010 Интер - Фиорентина 1-0
13.04.2010 Фиорентина - Интер 0-1
29.01.2020 Интер - Фиорентина 2-1
13.01.2021 Фиорентина - Интер 1-2 прод.

Каде може да се гледа финалето?

Фиорентина - Интер, финалето на Копа Италија за сезоната 2022/2023, ќе се одржи во среда на 24 мај во 21 часот во Рим и ќе се емитува во живо на Canale 5.

За територијата на Македонија директен пренос ќе врши Arena Premium 2.

Судии

Правдата на вечерашното финале ќе ја дели Масимилиано Ирати од Пистоја.

Ќе му помагаат асистентите Чиро Карбоне од Неапол и Алесандро Ло Чичеро од Бреша, а четврти судија ќе биде Микаел Фабри. Во ВАР собара ќе командува Паоло Силвио Маѕолени од Бергамо, помошник ВАР е Валерио Марини од Рим, а резервен помошен судија ќе биде Серџо Рангети од Кјари.

Пропозиции

Организатор на Копа Италија е Лега Серие А.

Почнувајќи од финалево во 2008 година се игра еден натпревар. Доколку по 90 минути игра нема победник ќе следуваат две продолженија од по 15 минути секое. Во случај повторно да нема победник ќе се изведуваат пенали во серија од по 5 за секоја екипа, а ако и натаму е нерешено ќе следуваат по еден удар сѐ додека не се добие победник.

Двата тима смеат да стават во протокол 26 играчи, од кои 11 стартери и 15 на клупата за резерви. По 5 измени се дозволени во регуларните 90 минути, плус уште по една во продолженијата.

Спонзор на Копа Италија е италијанската брза железница Frecciarossa.

Дресови

Со оглед на тоа што домаќин е Фиорентина, овој тим ќе игра во своите домашни виолетови дресови.

Поради сличноста на боите, Интер не е во можност да ја користи својата домашна варијата, па „Нераѕурите“ ќе истрчаат во белата гостинска гарнитура, оние дресови со картата на светот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе