Неколку милијардери годишно прават CO₂ емисии колку цели држави

Само 125 богати индивидуи предизвикуваат 393 милиони тони емисии на CO₂ секоја година, објави Oxfam.

Најбогатите луѓе во светот предизвикуваат огромни и неодржливи количини на емисии од јаглерод, и за разлика од обичниот народ, 50% до 70% од нивното загадување доаѓа од нивните инвестиции, објави истражувањето спроведено од британската конфедерација на добротворни организации, Oxfam.

Според нивниот извешптај објавен во понеделникот, 125 од најбогатите милијардери во светот емитуваат 3 милиони тони CO₂ на годишно ниво, повеќе од 3 милиони пати од просекот на некој што припаѓа во оние 90% помалку богати. Милијардерите имаат вкупен капитал од 2,4 трилиони долари во 183 компании, вели истражувањето.

Вистинската бројка на загадување е најверојатно уште повисока, велат од Oxfam, со оглед на тоа што достапните информации за емисиите на јаглерод од корпорациите покажаа дека систематски го потценуваат вистинскиот импакт. Милијардерите и корпорациите кои јавно не ги објавуваат своите емисии и со тоа не можат да бидат вклучени во истражувањето, веројатно се оние кои имаат огромно влијание врз климатските промени.

„Овие неколку милијардери имаат 'инвестирано во емисии' кои нивниот јаглероден удел го прават рамен на оној на цели држави, како Франција, Египет или Аргентина“, вели Нафкоте Даби, едно од водечките лица во Oxfam.

„Овие инвеститори милијардери на врвот на корпорациската пирамида имаат огромна одговорност во предизвикувањето на климатскиот дефект. Тие предолго време избегнуваат одговорност“, додаде таа.

Според неа, емисисите од животниот стил на милијардерите, вклучувајќи ги и нивните приватни авиони и јахти, се илјадници пати поголеми од оние на обичниот човек. Сепак, јаглеродните емисии од нивните инвестиции се милион пати поголеми.

Студијата откри и дека милијардерите имаат просечно по 14% од нивните инвестиции во индустрии кои загадуваат, како енергија и материјали како цемент. Тоа е двојно повеќе од просекот на инвестициите во S&P 500 компаниите. Само еден милијардер од овие на тапет имал инвестиции во компанија за обновлива енергија, објавија од Oxfam.

„Супербогатите треба да бидат одданочени и регулирани подалеку од инвестиции што загадуваат и што ја уништуваат планетата“, заклучи Даби.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе