Нема дополнителни ковид мерки, има доволно капацитети за загрижување пациенти

Бројот на нови случаи со COVID-19 во изминатиот период е зголемен. Вчера беа регистрирани нови 504 случаи од направени 1.385 тестови, но не се евидентирани починати лица. Според Комисијата за заразни болести, државата се наоѓа во зелена зона со доволно капацитети за згрижување на пациентите и не се потребни дополнителни рестриктивни мерки.

На состанокот што Комисијата го одржа вчера, било разгледано и прашањето за достапноста на тестовите за COVID-19, при што се препорачува двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа.

-Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19. Утврдено е дека Северна Македонија се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со COVID-19. Зголемувањето на бројот на нови случаи изнесува 79.9 отсто, соопштија вчера од Министерството за здравство.

Надлежните апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неопходно и во овие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Во моментот, во земјава има 2.490 активни случаи. Вкупниот број COVID-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 318.138, а  бројот на оздравени пациенти е 306.309.

Во однос на состојбата со COVID-19 на Балканот, во Словенија нема референдум за Законот за заразни болести. Поточно, Националното собрание на Словенија го поддржа предлогот за забрана на референдумот за последните измени на Законот за заразни болести, со кои се создава правна рамка за ограничувања во случај на епидемија, откако Уставниот суд ги укина мерките на поранешната власт поради COVID-19.

Предлогот го поднесоа пратениците од трите владејачки партии, но не го поддржаа сите пратеници од коалицијата, пренесе СТА. Предлогот беше поддржан со 45 гласа „за“ и ниту еден „против“, бидејќи некои пратеници од редовите на владејачките Социјалдемократи (СД) беа воздржани, како и пратениците на опозицијата. Забраната за референдумот е воведена врз основа на клаузула во Уставот во која се вели дека не може да се одржи законодавен референдум за закон со кој се отстранува неуставност.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе