Нема патување во Грција до 31 август

Ни последниот продолжен викенд летово нема да може да се искористи за патување во соседна Грција.

Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји е продолжена до 31 август 2020 година, согласно заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи, објавена во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходната, идентична, одлука е во сила до 14 август, а новата претставува продолжување и стапува во сила во сабота.

Мерката предвидува „привремена забрана за влез во земјата на сите државјани на трети земји од која било влезна точка во земјата и на кој било начин или со кое било средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и копнените поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот на грчка територија“.

URL

Забраната не важи за земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и за државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

URL

Одуката е веќе објавена во Службен весник на Грција и важи за временскиот период од 15 август 2020 година до 31 август 2020 година.

На 15 август истекува и другата министерска одлука што се однесува на привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, Албанија и Турција.

Грчките здравствени власти соопштија дека во изминатите 24 часа биле регистрирани 196 нови случаи на коронавирус во земјата, од кои 20 биле „увезени“ инфекции детектирани на граничните премини.

URL
реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе