Нема препорака за нови рестриктивни мерки, Комисијата за нив ќе одлучува во понеделник

Министерот за здравство Венко Филипче на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и д-р Сузана Маневска, на кој телефонски се консултираа со сите членови на Комисијата, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки, соопшти Министерството за здравство.

Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки, како што се посочува, ќе одлучува на состанокот во понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.

Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викендот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд. Како што денеска посочи министерот Филипче, мерките кои се на сила доколку доследно се почитуваат би дале резултати исто како што би дал и полицискиот час.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести апелираат на целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила како забрана за работа на угостителски објекти после 21 часот, групирање повеќе од четири лица во текот на 24 часа, како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори, стои во соопштението. 

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе