Нема веќе изговори: Гризман мора да биде лидерот после Меси

Францускиот напаѓач досега не успеа да ги оправда 120-те милиони платени за него, а сега, по заминувањето на Меси, нема веќе оправдувања за него и ќе мора да се наметне како лидер на тимот.

Му тежела цената која клубот ја платил за него. Соиграчите не му верувале. Не играл на неговата најдобра позиција. Меси му го земал просторот на теренот.

Листата на изговори за неконзистентната форма на Антоан Гризман е далеку поголема од горенаведените примери откако цело време растеше и растеше по неговото пристигнување на „Камп Ноу“. Но, сега дојде времето кога Фрнацузинот повеќе не може да се крие зад ниту еден изговор.

Барселона летото 2019 година му плати 120 милиони евра на мадридски Атлетико за неговите услуги, а сѐ што добија од него е еден трофеј во Копа дел Реј и 35 голови и 17 асистенции на 102 натпревара во сите натпреварувања. Кога Барса во спротивен правец го испрати Луис Суарес, не ни сонуваше дека Уругваецот ќе експлодира во Мадрид и на ривалот ќе му ја донесе титулата во Ла Лига.

Гризман досега одлично ги исполнуваше задачите, кога станува збор за помошта во дефанзивата, а и цело време на терен дава сѐ од себе. Но, проблемот е што Барса мислеше дека купила играч кој ќе ја направи разликата на другиот крај од теренот.

Навивачите го исвиркуваа во неделата кога Барса едвај со 2:1 славеше над Хетафе, фрустрирани од тоа што не можеше ефективно да се вклопи во играта. Гризман играше по десната страна во формацијата од тројца напаѓачи.

Новодојдениот холандски напаѓач Мемфис Депај јасно му покажа на Французинот како сам треба да создава и да влегува во гол шанси. Депај веќе постигна 2 гола и 1 асистенција на три натпревари од Ла Лига сезонава, за разлика од Гризман кој нема ниту гол, ниту асистенција.

Какви и да се статистиките, Депај не е човекот кој е ѕвезда во оваа Барселона. Таа улога и натаму ја има Гризман, чии квалитети се познати, но никако да дојдат до израз во каталонскиот клуб. Со заминувањето на Меси за него нема повеќе оправдувања. Сега е моментот кога ќе мора да се наметне како лидер и главен играч во офанзивата, полека преземајќи ја улогата на незаменливиот Аргентинец.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе