Серијата „Resident Evil“ ќе почне со прикажување од 14 јули, а пред неколку дена Netflix го објави првиот трејлер.
Досега, најавата за серијата има над 1.8 милиони прегледи. Приказната е поделена на два дела, едниот се одвива во 2022 година, а дејството во вториот дел е во Лондон, 2036 година.
Како што пишува Deadline, серијата ќе го истражува мрачното внатрешно делување на корпорацијата Umbrella и новиот светски поредок предизвикан од избивање на Т-вирус.
Не се познати многу детали за серијата. Во 2020 година беше објавено дека во првата сезона ќе има 8 епизоди во времетраење од еден час.