Netflix го објави трејлерот за „Rebecca“
Во филмот се зборува за млада, омажена жена која набргу по свадбата доаѓа на имотот на својот сопруг. Новата госпоѓа Дe Винтер ја прогонуваат спомените од првата жена на нејзиниот сопруг – мистериозната Ребека.
Таа не може во ништо да се спореди со неговата прва сопруга, а на тоа постојано ја потсетува нивната слугинка, госпоѓа Денверс. Но што се случило со прекрасната Ребека и зошто постојано се зборува за неа и по нејзината смрт - ќе дознаете во филмот.
Во главните улоги се Лили Џејмс и Арми Хaмер.
Драмата се очекува во текот на октомври.