Netflix ренесанса – конечно расте бројот на претплатници

Netflix го затвори третиот квартал со зголемени приходи, завршувајќи го шестмесечниот период на пад на претплатници.

Во периодот од јули до септември, компанијата го зголеми бројот на претплатници за 2,41 милиони, на повеќе од 223 милиони, благодарение на успехот на сериите како „Stranger Things“ и „Dahmer: Monster“.

Во претходните два квартали нивниот број се намали за 970.000, односно 200.000. Во САД и Канада нивниот број е зголемен за околу 100.000, во Европа, Блискиот Исток и Африка за 570.000, во Латинска Америка за 310.000, а во азиско-пацифичкиот регион за 1,43 милиони.

Во четвртиот квартал, Netflix очекува 4,5 милиони нови претплатници.

URL

„По првата половина од годината која беше полна со предизвици, веруваме дека повторно сме на пат кон забрзување на растот“, се наведува во соопштението. Нето добивката се намали во третиот квартал за 3,5 отсто, на 1,4 милијарди долари или 3,1 долари по акција.

Приходите се зголемени за 5,9 отсто, на 7,92 милијарди долари. Кога ќе се исклучат валутните осцилации, приходот е зголемен за 13 проценти. Растот на приходите беше поттикнат од зголемувањето на просечниот број на платени стриминг членства за 5 отсто и зголемувањето на просечниот приход по членство за 1 отсто.

Netflix во четвртиот квартал очекува приход од 7,8 милијарди долари, нагласувајќи го негативното влијание на посилниот долар, кој, како што проценуваат, ќе ги намали приходите за цела година, за милијарда долари.

Netflix исто така воведува нова функција за да им го олесни на корисниците префрлањето на нивните профили од сметка што ја делат на самостојни профили. Алатката Profile Transfer е наменета за секундарни корисници, односно корисници кои не се сопственици на профили кои плаќаат претплата. Користејќи ја новата алатка, корисниците ќе можат да ја пренесат својата историја на гледање, персонализираните препораки, историја на игри и приспособените поставки на сопствената претплата.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Бизнис

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Read more

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Read more

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Read more

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Read more
 

Вести

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Читај повеќе

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе