Netflix заработува на војната: На репертоар е комедијата која го прослави Зеленски

Комедијата за учител кој станува претседател со Володимир Зеленски во главната улога повторно стана достапна на платформата Netflix.

Netflix официјално објави дека, според барањата на гледачите, серијата „Слуга народу“ со Вoлoдимир Зеленски е вратенa во каталогот на овој стриминг сервис во САД и Европа. Засега во некои европски држави достапна е само првата од трите сезони, а Netflix веројатно ќе ги додаде другите две доколку се покаже популарна.

„Слуга народу“, позната и под англискиот наслов „Servant of the People“, се емитуваше на платформата Netflix од 2017 до 2021 година, а од вчера е повторно достапна. Официјалните канали на платформата велат дека оваа серија повторно е дел од каталогот на барање на гледачите, но станува збор за компанија чиј број на нови корисници веќе некое време не расте, па не би се изненадиле доколку Netflix реши да ја искористи ситуацијата во Украина за да заработи некој долар.

Пред да се вклучи во политиката, Зеленски пишуваше сценарија за комедии, серии и филмови и работеше како нивен продуцент. Од 2015 до 2019 година беше главна улога во серијата „Слуга народу“, која следи наставник кој станува претседател на Украина по едно вирално видео во кое се жали на корупција.

Кога за претседател е избран Василиј Петрович Голобородко, ликот кој го игра Зеленски, тој ја презема целосната реформа на државата, борбата против корупцијата и обединувањето на нацијата, и покрај отпорот на политичарите кои ги штитат интересите на моќните олигарси.

Remote video URL
Серијата како дел од претседателската кампања

Не е доволно да се каже дека серијата беше популарна во Украина и Русија, бидејќи беше клучот за кампањата на Зеленски. Имено, третата и последна сезона беше емитувана во март 2019 година, на само неколку дена пред првиот круг од изборите во Украина, а промоцијата на серијата се совпадна со претседателската кампања.

Со оглед на големата популарност и сличност на она што беше во кампањата со серијата, која тогаш беше на врвот на својата слава, Зеленски беше избран за претседател во 2019 година со повеќе од 70% од гласовите на народот на Украина. Подоцна истата година, неговата нова партија, именувана по популарната серија, освои мнозинство во парламентот, овозможувајќи два клучни столба на моќта во земјата.

Набргу по руската инвазија луѓето ширум светот покажаа голем интерес за оваа серија, која стана популарна во Германија, Франција, Обединетото Кралство, Грција и други европски земји, а неодамна и во САД. Од 22 март ќе почне емитувањето и во Албанија на ТВ каналот Tring.

реклама

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Нов адвокатски тим ќе го брани Харви Вајнстин од обвиненијата за силување

Read more

Меган Фокс се врати и го „запали“ Instagram

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

ИМПРОВОКАЦИЈА се враќа во Скопје на 9 март

Читај повеќе

Нов адвокатски тим ќе го брани Харви Вајнстин од обвиненијата за силување

Читај повеќе
  • filter

Меган Фокс се врати и го „запали“ Instagram

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени наградите SAG: Победниците ја редефинираат оскаровската трка

Читај повеќе
  • play_arrow

Оливија Дин доминираше на доделувањето на наградите BRIT 

Читај повеќе

Роберт Де Ниро: Трамп никогаш нема да си замине, ќе треба сами да се ослободиме од него

Читај повеќе
  • play_arrow

„Југославија“ ја подели бивша Југославија

Читај повеќе