Невидена доминација на Интер над Милан во 2023 година

Филип Здравески
/ 21.09.2023 / 12:15

Никогаш не се случило еден клуб да оствари 5 победи во една година над лутиот градски ривал, а токму тоа годинава го направи Интер.

Франческо Ачерби и Оливје Жиру на последното дерби

Оваа календарска година Интер и Милан се пресметаа рекордни 5 пати - најмногу во една година во долгата историја на ова дерби. Двапати играа во Серија А, двапати во Лигата на шампионите и еднаш во италијанскиот Суперкуп. И секој пат победуваше Интер. Таква доминација никогаш не се случила во ова популарно Дерби дела Мадонина, кое датира уште од нивната прва пресметка во 1909 година.

Најмногу натпревари во една година

Судбината сакаше двата ривала да се сретнат дуруи пет пати во оваа 2023 година, нешто што претходно во историјата никогаш не се случило. Така, во 12 месеци стадионот „Џузепе Меаца“ беше домаќин на пет дербија, или поточно во 9 месеци со оглед на тоа што првото се одигра во јануари, а последното сега во септември.

Тоа е благодарение на тоа што двата клуба се сретнаа и во Лигата на шампионите, во полуфиналето. Со тоа се повторија годините 2003 и 2005 кога исто така играа еден против друг во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Но, за оваа година да има 5 дербија се погрижи италијанскиот Суперкуп, кој всушност ја отвори дерби годината во јануари.

Беспрекорна доминација на Инѕаги над Пиоли

Не само што Интер и Милан меѓу себе играа петпати годинава, туку на сите натпревари ги водеа исти тренери. Тоа значи дека едниот стана кошмар за другиот.

Предводејќи го Интер, Симоне Инѕаги петпати по ред го надмудри Стефано Пиоли, нешто што тешко дека во блиска иднина ќе биде достигнато од некој друг.

И не само победите, туку тактиката на Инѕаги резултираше со 12 постигнати голови во мрежата на избраниците на Пиоли, кои пак на Интер му дадоа само 1 гол во петте натпревари, и тоа на последниот дуел.

Низата сепак ја држи Милан

Петте победи по ред на Интер сепак не се најдолга победничка серија во Дербито дела Мадонина. Тука рекордот го држи Милан кој во два наврата успевал дури 6 пати по ред да го победува Интер, иако станува збор за навистина дамнешни натпревари и остварени во периоди од по три години.

Прва низа победи од по 6 (Милан):

1911-1913

Интер - Милан 0:2 (Прима категориа)
Милан - Интер 6:3 (Прима категориа)
Милан - Интер 2:1 (Прима категориа)
Интер - Милан 0:3 (Прима категориа)
Интер - Милан 1:2 (Прима категориа)
Милан - Интер 1:0 (Прима категориа)

Втора низа победи од по 6 (Милан):

1946-1948

Милан - Интер 3:2 (Дивизионе национале)
Интер - Милан 0:1 (Дивизионе национале)
Милан - Интер 3:1 (Серија А)
Интер - Милан 1:2 (Серија А)
Милан - Интер 3:2 (Серија А)
Интер - Милан 0:2 (Серија А)

Со оглед на тоа што Интер е во активна серија, доколку победи на следното дерби и тој ќе оствари 6 победи во низа. Наредното миланско градско дерби се игра во април наредната година.

Низата од 5 победи на Интер:

2023-

Милан - Интер 0:3 (Суперкуп)
Интер - Милан 1:0 (Серија А)
Милан - Интер 0:2 (Лига на шампиони)
Интер - Милан 1:0 (Лига на шампиони)
Интер - Милан 5:1 (Серија А)
Милан - Интер ??? 21 април 2024 (Серија А)

2024 година може да донесе дури 6 дербија

Интересно е што доколку и двата тима ги поминат противниците во осминафиналето и четвртфиналето од Копа Италија, следниот април ќе играат уште две дербија - во полуфиналето. Така да, ако сѐ оди по планот, наместо на 21 април наредното миланско дерби може да биде на 3 или 4 април, а потоа и уште едно на 24 и 25 истиот месец.

И двата тима и оваа година се дел од Лигата на шампионите, па доколку ја поминат групната фаза, а потоа и осминафинлето, постои можност повторно во Европа да се игра Дербито дела Мадонина. Со таков расплет на настаните потенцијкалните дерби натпревари само во пролетниот дел би биле пет.

Милан сезоннава нне учествуива во италиајнскиот Суперкуп, па дерби таму нема да има.

Затоа, пак, наредната есен кога ќе почне сезоната 2024/2025 ќе следува ново дерби, што значи дека доколку сите коцки се поклопат 2024 година може да донесе дури 6 милански дерби натпревари и да го сруши рекордот од оваа 2023 година. Но, тоа се само комбинации на можности, останува да видиме што ќе се случи.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе