Невремето Балос предизвика проблеми во Грција, делови на Атина под вода

Силниот дожд и новото невреме Балос што ја зафати Грција, предизвика проблеми во повеќе делови на земјата, а жителите на Атина, со порака од бројот 112 за итни случаи беа предупредени да избегнуваат непотребни движења, додека неколку централни булевари и дел од училиште беа поплавени, јави дописничката на МИА од Атина.

Социјалните мрежи во Грција, денеска се „преплавени“ со видеа од поплавени улици, училишта, но и факултети во Атина.

Учениците од една паралелка од основно училиште во атинска населба, според видеата објавени на социјалните мрежи, беа евакуирани од поплавена барака, откако наставниците со помош на клупите, направиле мост преку кој децата стигнале до централната зграда на училиштето.

Со одлука на префектот на областа Атика, поширокиот дел на Атина, попладнево сите училишта во овој регион се затворени, а дополнително во зависност од временските услови утре ќе се одлучи дали ќе работат.

На неколку булевари во Атина, кои секоја година, поради обилните врнежи се поплавуваат,  сообраќајот привремено беше во прекин, а преку бројот 112 за итни случаи, жителите на Атина, Евија и Солун добија порака дека во тек е невреме и да избегнуваат непотребни движења, како и поплавени места.

Противпожарната служба, само во областа Атика добила над 200 повици за помош.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому истакна дека приоритет на Владата е заштита на човечките животи, како и заштитата на имотите.

Тој истакна дека на континуираните состаноци на министерот за климатска криза и цивилна заштита со надлежните органи било одлучено локалните власти веднаш да ги известуваат граѓаните да избегнуваат, особено во текот на ноќта, подруми или делови каде што во минатото имало поплави; да се активира бројот 112; сите сили на цивилната заштита, пожарната, полицијата, војската и брзата помош да бидат во состојба на готовност за да можат навремено да интервенираат, доколку биде потребно, а од вчера се во функција оперативни центри во различни делови на земјата. 

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Регион

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе