Нежната страна на Ти-Рекс: Сепак не бил машина за јадење

Ново истражување ја нагласува „понежната“ страна на фамозниот тираносаурус кој сепак не бил онаков каков што го замислуваме, машина за јадење која џвакала сѐ што ќе ѝ се најде на пат.

Диносаурусот, кој многумина го замислуваат како безмилосен предатор кој ловел какви било несреќни суштества што ќе му се испречеле на патот, всушност имал вилица со многу нервни завршетоци, што го прави многу попребирлив кога станува збор за храната, пишуваат јапонските палеонтолози во студијата објавена минатата недела, пренесува The New York Times.

Иако тоа не мора да значи дека тој бил многу прониклив кон својот плен, факт е дека Ти-Рекс всушност имал софистицирана долна вилица, која - кога станува збор за количината на нервни завршетоци - може да се спореди со вилиците на денешните крокодили, пишуваат научниците од Институтот за истражување диносауруси на Префектурниот универзитет Фукуи, кои го спровеле истражувањето.

Со други зборови, според ова истражување, Ти-Рекс најверојатно не јадел на слепо. Имал остри сетила со кои можел да препознае различни делови од својот плен и да ги џвака поинаку во зависност од тоа што имал под забите.

„Челустите на тираносаурусите биле доволно моќни да кршат коски. Меѓутоа, во ситуации кога храната била обилна, тие можеби ги користеле своите чувствителни муцки за селективно да ги јадат похранливите делови од својот плен. Исхраната на тираносаурусите можеби не била толку сурова како што си замислуваме“, вели Соичиро Кавабе, еден од авторите на студијата и палеонтолог во институтот.

„Што всушност јадел Ти-Рекс е на ниво на шпекулации и имагинација, бидејќи невозможно е точно да се одреди, но значењето на истражувањето е тоа што го открива сложениот развој на нервите во мандибулата на тираносаурусите“, додава тој.

„Врз основа на морфологијата на мандибуларниот нерв на тиранисаурусите, успеавме да разјасниме дека врвот на вилицата на тираносаурусите најверојатно имал прилично добар сензор“, вели д-р Кавабе.

Д-р Кавабе и неговиот колега д-р Соки Хатори, доцент на институтот, користеле компјутерска томографија или КТ скенови за да ја анализираат и реконструираат структурата на каналот на виличната коска низ која минувале нервите и крвните садови. Тие го проучувале фосилот на Ти-Рекс пронајден во формацијата Хел Крик во Монтана.

„Фосилот е добро сочуван, што им овозможи на истражувачите да ја проучуваат структурата на каналот“, вели тој.

Чувствителните врвови на вилицата, исто така, даваат одговори за тоа каков родител тираносаурусот можел да биде.

Крокодилите, исто така, имаат чувствителни муцки, кои им помагаат да го откријат пленот во водата, но исто така имаат и фино подесено чувство за допир, за да можат да ги носат младенчињата во устата, без да бидат згмечени од силните вилици.

„Можеби така финкционирал и тираносаурусот“, вели д-р Кавабе.

„Студијата ја нагласува понежната страна на Ти-Рекс. Досега бевме навистина опседнати со моќта што ја поседува Ти-Рекс, а не со неговата финост“, вели Џек Цен, палеонтолог на калифорнискиот Универзитетот Беркли, кој го прочитал извештајот.

„Извештајот дава 'втора димензија' на суштеството со кое јавноста е опседната, но ретко се доживува како нешто повеќе од чудовиште“, додава д-р Цен, кој ги анализирал трагите од каснување од млад тираносаурус.

Сепак, д-р Цен вели и дека наодите од студијата ја нагласуваат потребата за повеќе фосилни докази што ќе покажат како се користела чувствителната мандибула на диносаурусот.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Вести

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Read more

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Read more
 

Гик

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Читај повеќе

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Читај повеќе

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Читај повеќе
  • filter

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Читај повеќе

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе